еротски (прид.) - желба (имн.)

Телото како поле на еротската желба и сексуалната надразба, би било наизменично обземано со промените на сонот и оргазмот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поаѓајќи од еротската желба упатена кон објектот на љубов, којашто го организира психичкото функционирање, сексуалниот однос доведува до празнење кое не се исцрпува само во полето на волевата туку и на автоматската моторика, која ја подразбира мазната мускулатура, ендокриниот и кардиоваскуларниот систем.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како стрејт-мажите се по тоа што се мажи и што на повеќето од нив, барем отпрвин, им се укажува достоинството и чувството на субјективна ополномоќеност што, главно, им се придаваат на мажите во систем на машка доминација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не се како стрејт-мажите по тоа што посакуваат мажи и не посакуваат жени; исто, за разлика од стрејт-мажите, тие се асимилираат во женствена родова улога поради насоченоста на нивната еротска желба, дури и ако таа желба се изразува на сексуално агресивен начин. ‌Геј-мажите не се како стрејт-жените по тоа што се мажи, но како нив се по тоа што кон машкиот пол заземаат однос на посакување и што делумно врз таа основа се сметаат за немажествени. ‌Машки субјект на истополова желба, затоа, се обродува на сложени и честопати противречни начини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа сложеност не е ништо друго освен последица – неизбежна, иако, се разбира, не тотална или сеопределителна – на општествената семиотика на родот и на сексуалноста во еден хетеронормативен свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Целта на сложеното впрегнување на алузијата, на конотацијата, на асоцијацијата и на сексуалното кодирање во написот веќе не е хомосексуалноста, како што ќе беше во старите лоши времиња.111 Барем тоа веќе не е хомосексуалноста ако под хомосексуалност подразбираме истополова еротска желба и избор на истополов сексуален објект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машкото геј-присвојување на Ritorna vincitor! имплицира не само меѓуродова идентификација туку и истополова еротска желба, не само женствена субјектна положба туку и хомосексуална и мелодраматична положба – став на очајничка, забранета желба за воин јунак.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, во контекстот на одбојкарскиот турнир, геј-присвојувањето на тие зборови му вбризгуваат имплицитно сексуален елемент на односот меѓу тимот и клубот што го поддржува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно нема врска со истополовата привлечност, а нема ни со сексуалниот контакт.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И геј-употребата го интерпелира изговарачот на зборовите (во случајов и мажот што го напишал известувањето и мажот што треба да го прочита) како кралевита жена, како црнкинка, како робинка и како жена на која ѝ е судено да биде уништена од љубов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Впрочем, воопшто не се ни работи за еротска желба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова бил маж што од другите мажи се разликувал само по истополовиот избор на сексуалниот објект, по насоката на својата еротска желба, по тоа што го привлекувале мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исходот од тој родово конститутивен процес се јавува во многу аспекти на формирањето на мажествениот субјект кои се земаат здраво за готово и кои поради тоа се инстинктивни: тие аспекти се движат од чувство дека имаш право на сопствените чувства и мислења до чувство дека имаш јавен свој простор или барем дека во него ти е удобно, до уживање на правото на говор и на можноста да ѝ се наметнеш на група или да ѝ ги наметнеш своите ставови, до запоседнување на сопствена еротска автономија и сопствен сексуален субјективитет. ‌Геј-мажите, тогаш, се и како стрејт-мажите и различни од нив, исто како што се и како стрејт-жените и различни од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И хетеросексуалната желба е мистерија, се разбира, а и стрејт-луѓето можат да се впуштат во слично истражувачки претрес на односот помеѓу своите еротски желби и определени општествени форми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Одново, сведоци сме на умножување на гламурозните и на абјектните улоги, како и на признание за уживање во самата мелодраматична форма. ‌Но ако она што го преоткриваме тука е хомосексуалната љубов кон мелодрамата, не можеме да не ја забележиме валоризацијата на мелодрамата како средство за искажување хомосексуална љубов, восхитот кон машкиот предмет на љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)