електронски (прид.) - сандаче (имн.)

Поднесоците поднесени од адвокати задолжително треба да содржат: адвокатски печат односно електронски потпис од адвокатот, податоци за електронско сандаче регистрирано согласно со закон – за достава на писмената и адвокатска маркичка предвидена со посебен закон, во спротивно поднесокот се смета за неуреден и судот ќе го отфрли (чл. 98, ст.2, 4 и 8 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доставувањето на писмената на адвокати се врши по електронски пат, во електронско сандаче [т.е. преку e-mail адреса].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)