економски (прид.) - структура (имн.)

Во постојаните интеракции меѓу доминантните економски структури и публиката се создаваат низа можни значења, што уште повеќе оневозможува да говориме за некакви едноставни, предвидливи ефекти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како моќен доказ за тврдењето дека на крајот луѓето се оние што одлучуваат кои културни артефакти ќе ги изберат меѓу понудениот репертоар, често го наведуваат податокот дека и покрај екстензивното огласување на пазарот пропаѓа 80 до 90 отсто од новите плочи и филмови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дали популарната култура заглупавува и тера на насилство?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дали навистина тоа чудовиште е толку опасно и штетно како што упорно тврдат нејзините критичари и критичарки или, напротив, се работи за важно место на случување на жив субверзивно-семиотички отпор против хегемонијата на доминантните економски структури, за што се обидуваат да нѐ убедат нејзините поборници и поборнички?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некои одат дури толку далеку што занесено говорат за некакво субверзивно, герилско делување на публиката, иако воедно признаваат дека на капитализмот од страна на популарната култура, што веќе заради комерцијалната насоченост избегнува секаква радикалност, не му се заканува некаква голема опасност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Какви реакции и последици предизвикуваат популарнокултурните феномени во мозоците и срцата на потрошувачите и потрошувачките?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)