економски (прид.) - однос (имн.)

Колку и политиката да игра улога во економските односи на едни земји со други земји, на едни блокови со други, тоа како да не се чувствува во Лајпцишкиот велесаем.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ме излудуваа затоа што беа пресметани (и воопшто, Луција беше свесна дека е убава и имаше еден сосема јасно деклариран економски однос кон сопственото тело, чија убавина ја натценуваше токму со тие непотребни движења со кои истакнуваше делови од телото); но мене тоа не ми пречеше, туку напротив, го сфаќав тоа како сигнал кој ми ветува дека некогаш, кога и да е, ќе ја имам Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Императивите на надворешен и внатрешен план остануваа исти: да се брани неврзаната политика и да се работи на унапредување на економските односи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако тие потребности на поданиците не се зачуваат и ако Турција продолжува да биде неискрена во прилагањето на реформите, тогаш од тоа ќе: настрада најмногу пак таа: 1/ таа ќе биде принудена со сила да воведе некои реформи, 2/ ако и потоа населението не биде оградено во национално-религиозен и економски однос, тогаш тоа ќе го искористат непријателите на Турција да направат брканица во Македонија за да ловат риба во матна вода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)