економски (прид.) - можност (имн.)

„Добро”, изустува со доблесна драматика д-р Максимилијан Мертен на новата средба, два дена подоцна, „конечниот износ е три и пол милијарди драхми!“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Навистина има шармантно лице овој Левантинец од германски род, си помислува Мертен и станува да ги остави домаќините да го издискутираат неговиот смел предлог.  На средбата наредниот ден му приговараат дека сумата ги надминува економските можности на еврејското население.  Доктор Максимилијан Мертен дава впечаток дека длабоко размислива, создавајаќи замолк кој трае толку долго што стежнува во просторијата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како што во неговата родна земја тој опстојуваше, наоѓајќи погодно тло во наследените ментални структури на власта, овде продолжи инерцијата на забрзаната градба на новиот човек со наследената Сталинова илузија да се надополни изгубеното време, низ засилена градба на нови објекти, над економските можности.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)