едноставен (прид.) - порака (имн.)

А потоа, по малку белина, со сосема поинаков ракопис, стоеја развлечени букви; сигурно биле запишани кога почувствувала како полека тоне во нешто што наликува на сон: „Биди цврста, како и секогаш“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ракописот беше спокоен, како со него да беше испишана едноставна порака, известување дека излегла од дома, и наскоро ќе се врати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа едноставна порака - т е л о - се слева од телевизиските екрани распрсната во карневалско шаренило од слики.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)