еднособен (прид.) - стан (имн.)

Во еднособниот стан на Роса, инаку на втори кат свртен на кај запад, преполно со радост и луѓе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Сега сме како двојка, - му довикна Горда од нишата, - што си здосадила во бракот, - па се насмеа на сила во еднособниот стан.  - Баш, - ѝ потврди Грдан, уште со неа во видното поле, но веќе далеку во од неа мислите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)