единствен (прид.) - мој (прид.)

Тој беше единствен мој пријател, сакаше да рече и пак молчеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја спасувам, Филозофе, главата на брат ми, единствениот мој род на лицето од земјата. За него ја преместувам вселената.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Проклет да бидам, за ништо не би ја дал, иако таа беше единствениот мој и Кејтенов виновник за тогашните и сите подоцнешни страдања. И радости, не заборавете.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Почна да чита - „Единствен мој учителу...“ се обраќаше непознатиот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Чувствуваат дека зборовите што ги зборувам со нив не се единствените мои зборови и мислите што ги мислам со нив не се единствените мои мисли, дека имам и други понеразбирливи зборови и други позаплеткани мисли.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)