единствен (прид.) - можност (имн.)

Толку многу беше вознемирен што се случуваше нешто што не можеше ниту да си го претпостави: Камилски како да се подготвуваше да ја одбие единствената можност да го запре губењето на видот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Животот му продолжи во парадокси: спасувајќи се од италијанскиот фашизам на Татко му преостануваше единствената можност за спас, ноќе да ја мине границата преку Езерото, или да биде интерниран во италијанскиот логор Порто Романо.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Брус Стерлинг (Bruce Sterling): „Единствена можност за опстанок на субкултурите е во тоа тие да се распрснат, да се разгранат колку што е можно повеќе.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се разбира, го одбив со индигнација овој смешен и за мене сосема неприфатлив предлог.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа е единствената можност да се продолжи со утврдувањето на фактичката положба, се разбира под услов судот да ја прифати вашата пријава како валидна“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, го облекла; ќе го носи додека не се врати, и најпосле ќе ја објасни својата постапка како единствена можност да му се згазне на опашот на машкиот шовинизам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа е единствената можност да се воздигнеш, да станеш голема, голема да те видат сите, сите на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Единствена можност таа да се покрене порано е под услов да се приложи нова медицинска документација за настанатото влошување на здравствената состојба (чл. 31).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Додека Тот е отфрлена форма на значење во рамките на западната метафизика, тој сосема лесно може да биде единствена можност за значење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Низ целата „Фармација“ Дерида го разгледува присуството на тој жртвен јарец, тој pharmaccos населен во самото ткаење на јазикот и репрезентацијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)