единствен (прид.) - знак (имн.)

Единствена промена, за која не знаеше однапред каква ќе биде, и единствен знак на живот во таа изумреност наоколу беа само оние неумоливи и во секоја идна ноќ сѐ поостри и побезбедно гладни и силни писоци на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше неизвесно што сака да постигне со ваквото однесување во животот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Градот не постоеше. Единствен знак на неговото довчерашно постоење беа горните катови на хотелот „Континентал“ што сенишно се извишуваа над гнасниот црн облак како крст врз гробот во којшто се нашол закопан целиот град.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ниту едно несакано движење, ниту најмала гримаса на лицето, ниту еден единствен знак на очите или усните кои би ги оддале мислите што го измачуваа, или пак тешкото страдање во кое се беше затворил.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)