еден (прид.) - ист (прид.)

Тие не прозбореа повеќе и, онолку колку што беше можно за двајца што седат еден спроти друг, на една иста маса, не се гледаа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова важи и тогаш кога, како што често се случува, еден ист настан треба да биде изменет до непрепознавање и по неколку пати во една година.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не дека беше имун за елегантност и дека не сакаше да менува повеќе одела, туку просто речено: не можеше да ги пушта нозете повеќе од што му беше чергата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со едно исто одело одеше - лете, зиме, пролет, есен - сѐ додека не го заменеше со друго.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Додека од касетофонот се извива опивниот звук на гитарата на Рај Кудер од Вандерсовиот „Париз - Тексас“ ги поврзувам овие две белешки, запишани попладнево, во делови од една иста приказна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се смеам и за она „распуштеница“, а и за она гнездо од тутки што навистина го има на темето, ама се „увалила“, како што вели мојата друшка со два аршина за еден ист пример.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пролетва, од 20 април, кога меѓу 17:30 и 19 седам пред „Багдад кафе“ и се обидувам да уживам во макијатото, секогаш едни исти брборливи мисли ми се раздвижуваат низ главата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Зоре, разумно суштество, само ги подигна трите празни филџани и пепелникот полн со догорчиња од соседната маса и со неизмерната полунасмевка влезе во кафулето.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Надвор, без чувство и тегоби од омарнината што и без грмотевици ветуваше дожд, денес или утре, за да престанат колку толку караниците околу владите, децата повеќе од половина година пееја сѐ една иста песна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И чепкаше и распетлуваше сѐ што станало, повторуваше една иста случка во различни нијанси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сакајќи посликовито да го претставам тоа ги замислив тие четири точки на сегашниот свет кои стојат на една иста рамнина, а петтата ја ставив на врвот, чија сенка паѓа во центарот на тој четириаголник.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Едната иста глава скината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
да не испадне нашиот брак реакционерен, велам, ние и така сме прогласени за реакционери, вели Макаровски, и само ги врти граорестите очи покрај стрмниот нос, му потпукнува некое старо пламенче во нив, му пламти, а тој само оди, тумара, поднаведнат од својата височина, оди на едно исто место, а секогаш различно под него,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
24. СО АРЕН ДРУГАР И ВО ЗЛО ВРЕМЕ - тоа ти е тоа предимство на бракот: заеднички се поднесува едно исто бреме при преселувањето од светлото во мракот...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Зарем е возможно сите семејни приказни за Егејците да се едната иста само различно пренесена.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Како по наврапито стишување на невремето, кога птиците во исто време ќе се разгракаат, па во радоста што го преживеале, ќе почнат со клуновите да се грабаат за една иста мушичка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Имаше кратка бела кадрава коса и секогаш носеше еден ист фустан со жолти рози.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Двапати во една иста вода не стапнуваш!“ - вели Јана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Колку сѐ директори и секакви началници не се промениле, него можеле да го видат секогаш на едно исто место, при една иста задача, постојано како чиновник за препис, така што потоа се убедиле дека тој, очигледно, и се родил на светов веќе сосема готов, во виц-мундир и со ќела на главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И така дење, така ноќе. Една иста ноќ те темне, една иста ноќ те разденува. 250
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едниот ист дожд двапати паѓа. Небото се наведнало, до земја паднало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)