еден (прид.) - кон (предл.)

Испружени сме еден кон друг - јас на едниот ти на другиот брег на реката Чекајќи ги звуците на армониката се сторивме ѕуница на вљубените.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Тие Македонци што покажаа таква способност во своето национално-политичко организирање, што покажаа такво примерно жртвување на своите интереси во полза на интересите на својата татковина, не со помалечок успех ќе можат да им организираат секакви пречки на националните и религиозните пропаганди што го цепат денеска нашиот народ на делови непријателски еден кон друг.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш сите национални и религиозни пропаганди, коишто го цепеа народот на разни групи, непријателски една кон друга, ќе се отстранат и ќе настапи мир за народот, за Македонија, за Турција и за Европа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Почувствува како некоја внатрешна сила ја влече за раце, едната кон југот, другата кон северот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По една невесела седенка зад која остануваат расфрлени карти, купови отпушоци и студенило на луѓето еден кон друг, се враќав низ заспаниот град без движење на коли и без минувачи и му се простивставував со чело на остриот дожд, на тој предвозник на утрени мразови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сите сме со ист состав, зрачиме едни кон други со сопствената енергија за која мислиме дека е само наша – продолжи старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Оние мини сигнали кои по невидливите мозочни бранови луѓето секојдневно несвесно си ги упатуваат едни кон други, се послаби по интензитет од оние кои се праќаат со длабока концентрација на умот, медитацијата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А кога беа сигурни дека се скриени од погледите на деда Гера и неговите комити, тие како по договор, застанаа и налутено се свртија еден кон друг.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш почнуваат нивните долги, неми разговори. Се гледаат и си ги упатуваат мислите еден кон друг.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)