еден (прид.) - глас (имн.)

„Смит!“ вресна еден глас од телекранот. „6079 Смит В. Рацете надвор од џебовите!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Токму човекот што го барав“, рече еден глас зад Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Музиката од телекранот запре, а еден глас ја продолжи програмата. Винстон ја крена главата за да чуе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А тогаш - можеби тоа не се случуваше, можеби беше само сеќавање кое се совпаѓаше со звукот - еден глас запеја:
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа го премести во друго дупче и пак заврте. - Молам! - се слушна во слушалката еден глас.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Зборовите како судски печат ги удираат скараните по чело и тие, обајцата, почнуваат во еден глас, јас сум чесен граѓанин и доброволен дарител на крв, јас сум нешто повеќе, редовно плаќам членарина и имам книшка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Зошто не ги пуштите дома оние кои сакаат да си одат?,“ го праша Клара доктор Гете едно попладне во просторијата во која плетевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По овие зборови обете со еден глас заплакавме. Брат ми не се расплака. 39
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)