еден (прид.) - им (зам.)

И во темницата само него го здогледувам: стои пред српските војници (на едни им клисна, други го начекаа) и постојано прашува: - Зошто, каде, како?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пуста војна, си велиш, на едни им го зема животот, а други ги прави да не знаат дека се живи...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Понатаму, во писмото, Атанас ги молеше мајка си, браќата и деца си Блажета да му простат што не им се кажал пред заминувањето, но тоа го сторил зашто се плашел дека ќе го попречат да замине, а тој оттаму, од Австралија, ќе можел уште повеќе да ги помага, зашто му било добро и зашто добро заработувал.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во писмото Атанас испрати две фотографии, во боја, едната им ја испраќаше на домашните а за другата, нив, домашните, ги молеше да му ја испратат на татка му Ѓорета во затворот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)