европски (прид.) - сцена (имн.)

А Тронси во одговорот, како контра-напад се повика на сериозната неповрзаност на актуелната европска сцена: Маурицио Кателан (Maurizio Cattelan); Wall Drawings на Лили ван дер Стокер (Lily van der Stokker) (Great Stupid Artworks); видео спотот No more reality од Филип Парено (Philippe Parreno) каде што овој глуми слабоумник...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Таа форма нужно останува ограничена, одредена со севкупноста на отворените контекстуални обележја (јазикот, историјата, европската сцена на којашто пишувам и во која сум впишан со цела низа на повеќе-помалку случајни дадености поврзани со сопствената малецка историчност итн.).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се разбира, Ти тешко го прифаќаш нејзиниот радикален став: дека не сака да се занимава со ништо што би можело да ја оддалечува од онаа бартовска суштина на Твојата литература.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не, драги Луан, пишувајќи Ти за овие неколку антологиски примери на допишување на уметниците и нивните трпеливи или емпатични поддржувачки (читателки, пријателки, сопатнички, собеседнички...), во ниту еден миг не ја заборавав Твојата Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
4 Деконструкцијата, според тоа, не е само критичка дејност на професорите по литература и филозофија на универзитетот. Тоа е историско движење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И долгогодишната кореспонденција помеѓу Гете (Goethe) и вајмарската дама Шарлота фон Штајн (Charlotte von Stein), мажена госпоѓа со седум деца, ја доживеала својата драмска транспозиција: пред некои триесетина години германскиот драматичар Петер Хакс (Peter Hacks) напишал успешна монодрама со долг наслов Разговор во куќата Штајн за отсутниот господин Гете, која со голем успех се изведувала на многубројни европски сцени; во тие години на подем на таканареченото женско писмо, актерките просто уживале да ги екранизираат пустите машки мани на големиот светски класик...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)