европски (прид.) - медиум (имн.)

Беше очигледно дека нашата преписка влегуваше во нова фаза, која ја диктираа настаните во Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во тие години европските медиуми беа преплавени од сликите на ужасот, убиствата, масовните ликвидации, сеништето на вечниот реваншизам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Поимот синдром по дефиниција означува збир на симптоми на една болест.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Во вашите кратки јавувања во врска со актуелните настани во Македонија, како реакции на информациите во европските медиуми, вие истакнувате дека по утринскиот фељтон во медиумите, посветен на сите зла кои им се припишуваат на кравите, свињите, овците (и на понекоја коза!), следат настаните за инцидентите на македонско-косовската граница, кои не се од посериозна природа, но кои можат да бидат вовед во криза со трагични последици за целиот регион.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нејзини главни ориентири во актуелните настани беа информациите кои ги добиваше од централните европски медиуми, проникнувањето во тогашната политика на Европската унија и САД на Балканот, во тоа време, посебно во Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)