душевен (прид.) - страдање (имн.)

Се чувствуваме изгубено и не знаеме како сме стигнале до таа точка на очај, бесмисленост и душевни страдања.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да зборуваме право, за долги не бев ни дораснат: останав малечок не по годините, кусо петле, и тоа претставуваше за мене извор на тешки душевни страдања, за кои нема овде да расправам, дека не ми е ни сега мило да си ги спомнувам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Потоа пројавија интерес и за животописот во гробната капела на св. Наум каде што се прикажани неговите чуда: го направил неподвижен монахот што сакал да го открадне неговото тело од гробот; го направил неподвижен крадецот што сакал да го украде коњот од манастирот; ги излечил разните душевно болни луѓе изгонувајќи го од нив злото и бесот и им ги исцелил нивните душевни страдања, вадејќи им го нечистиот низ устата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)