духовен (прид.) - и (сврз.)

При разгледувањето на поранешните ракописи, читајќи ги десетината првични песни на таквото доживување на Рацин, како навраќање на нив, ги напишав првите и последните стихови на Реквиемот, со сензибилитетот и со поттикот тој да заокружи и заврши со духовното и поетичкото искуство на сегашниот миг на моето творештво.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
41. Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата татковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во слободните балкански државици, одвреме-навреме, македонската интелигенција, без разлика на пропагандите, треба да организира свои македонски собири, на кои ќе се разгледуваат и ќе се решаваат прашања за духовниот и националниот расцвет на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да се постигне процут во духовна и физичка смисла и речиси совршена анатомија на личноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Трпеливо да ја бараме причината за живеење, да станеме родители, да се заљубиме, да доживееме ултимативен хедонизам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Чекор до крајот на скалата за спасот, до последното скалило на духовна и телесна пропаст.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Културата е подрачје каде што се одвива духовната и творечка дејност на човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Јазик, слобода, дух, непобитно е, дека феноменот на јазикот не може да се заобиколи, дека тој претставува апсолутна материја на поезијата, дека е стожер околу кој кружат и музичкото и ликовното и мисловното и духовното и самото време, најпосле.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И затоа сега беше обземен од помислата дека нешто основно, нешто цврсто и пристојно беше нарушено; од дејството на нешто друго, чистото во него беше изгнасено; неговата духовна и морална доблест, всушност срцевината на неговото битие, беа нападнати и ограбени.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ете, убаво би било кога претставите ќе си ги посветуваат на себе, всушност, ќе ги создаваат за згрижување на своите духовни и естетски потреби, а притоа, публиката да мисли дека се наменети за неа и само за неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Totus mundus agit histrionem – магијата на младешките сништа, играрии, вилински карневали, на мангупски царчиња и шумски духови, на слаткото травеститетво, кога вљубеноста е Атлас, но атлас кој и покрај силата е незапирливо нежен, а светот на новите облици заличува на нестварниот свет од бајката, низ кој талкаме полни со духовна и физичка кондиција и приемчивост – и сега во овие исечоци, во оваа шкрта милост на сеќавањето, поттикот е еднакво жив.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)