друг (прид.) - само (прил.)

Командниот состав, борци очеличени во времето на италијанската и германската окупација, некои со завршени подофицерски школи, други само со основно или гимназиско образование, ги водеа своите одреди против полковници и генерали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Човечките битија не доаѓаат во врска едни со други само површно, како две билјардни топчиња, туку преку поврзувања што се создаваат кога двајца луѓе ќе се сретнат во световите на доживувањата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во едниот дисаг беше ги одвоил авалеџијата череците, двачереци, грошеви, алтилаци и други ситни пари, а во другиот само белите меџудии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со едната рака ја држи камилавката, а со другата само ја поткрева мантијата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не беше од оној тип луѓе постојано што говори и очекува другите само да го слушаат, ниту пак од оној тип само што слуша, а не отвора уста ни да потпраша ни пак да одговори.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)