друг (прид.) - цврст (прид.)

Дали само затоа зашто не сум и по волја на вистината бидејќи и во исповедта пред иследников не се трудев доволно да ја зангажирам искреноста?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто пред иследникот го сокрив потеклото на разговорот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Постмодерната често се поврзува со естетичкото. Така Мајк Фитерстоун зборува за естетизацијата на секојдневниот живот, а Дејвид Харвеј ја гледа постмодерната како хегемонија на естетичкото над етичкото.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овие заедници немаат никаков друг цврст темел освен определбата на нивните членови да живеат во нив, така што траат онолку долго колку што вниманието на членовите е живо а емоцио­налната определба силна. Во спротивно, тие едноставно исчезнуваат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој вистински разговор всушност му претходеше на оној, замислениот, и се однесуваше токму на таа тема: каква помош смее да очекува синот од таткото во моменти на загрозеност?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи не оној од импровизацијата од пред малку туку од еден вистински разговор што го водевме гласно и со толку добро запаметени зборови што и денес можам да ги видам како да се забележани или изрежани на некоја карпа или на некоја друга цврста подлога.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)