друг (прид.) - слободен (прид.)

Нѐ пречекуваат првите бранови, стигнати, од другиот слободниот брег.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Седнавме до нив на масата затоа што веќе немаше друга слободна и заподенавме „хм-хм“ муабет, ама овие си се најдоа по кавадаречки и лафот веднаш стана божем 100 години се познаваат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Имаше нешто гротескно во судбината на сега веќе куциот човек и на уште неколкумина негови пријатели кои, во една вејава зимска ноќ, во времињата кога земјата беше затворена за патувања и преселби, тргнаа да бегаат преку граница, преку Каба Планина, кон Грција, а оттаму, како што веруваа, во Америка или во некоја друга слободна земја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)