друг (прид.) - потребен (прид.)

Тој го гледаше радосниот сјај во очите на Вита, која брза со кошницата на пазар, да купи леб и други потребни работи за децата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но бидејќи тешко му одеше, излезот го бараше во вулканите: со нивна помош сакаше да го реши потфатот, зашто вулканите се тие што ја создале живата материја на земјата; тие ги имаат сите потребни неоргански состојци за тоа: амонијак, метан, водород, цијановодород, јаглендиоксид и други, од чии соединенија, под дејство на висока температура и со присуство на водена пареа, се создаваат органски молекули, се постигнува синтеза на аминокиселини, нуклеински киселини, белковини и други потребни молекули за создавање на жива материја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)