друг (прид.) - познат (прид.)

Едниот смртно го погоди самиот коџобашија Димитрија, другиот познатиот водач Мате Никола, а третиот Ристета Сталев од Мелница.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пред да пристапи кон својата централна тема - периодите на балканската историја при падовите на империите, тој ги проучуваше големите преселби на индо-европските народи, па на Аварите, Хуните и многу други познати и непознати народи, кои запирале на топлите мориња, сочните долини, воспоставувајќи и уривајќи империи, предизвикувајќи воедно и цивилизациски мешања, надоврзувања и изблици кои ќе го обележат човештвото за сите времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Навистина не ѝ беше лошо: се здоби со покомотна живеачка а згора на сето тоа стана и генералица, и тоа не некаква си генералица, туку вистинска, бидејќи, како што веќе реков, Ролан Јаковлевич, иако веќе средовечен, по својата претставителност повеќе личеше на генерал од многумина други познати војсководачи, па дури и од оној српски генерал Ковачевиќ, кого во дваесетата или таму некаде, го убија некои поединци, уверени дека со неговата смрт ќе му ја приближат на народот барем малку слободата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„... Таму, во тој затворот во Идризово, јас најдов и други познати, ама таму го најдов и ова струмичанчето Еда Бранов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За разлика од кои и да било други познати организми ние му пренесуваме на нашето потомство не само наследена туку и стекната информација.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И други познати, кога ќе ја сретнеа, одвај ја препознаваа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Што ќе го објасни волшебниот впечаток што овој и други познати проблесоци од глумечката кариера на Џоан Крафорд го оставиле врз машката геј-култура и што тоа можат тие да ни кажат за машката хомосексуалност како настран – односно, антисоцијален – сензибилитет или субјективитет?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)