друг (прид.) - нејзин (прид.)

Ропотамо е жив хербариум на убавите и чудни водни растенија - лилиите, кои на оваа река се распослале од едниот до другиот нејзин брег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Многу јасен ми беше: мајка ми сфатила дека згрешила со мојот прстен, што не го ставила веднаш и ми ја уништила радоста на подарувањето, па ѝ било многу криво и жал, и седнала, го напишала сето тоа. Од збор до збор, цела вистина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се викаше „Прстен” и, за чудо едно, воопшто не ми беше здодевен и неразбирлив како другите нејзини текстови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зонтаг ја изведува аполитичната природа на кампот од аксиомот дека кампот го нагласува стилот, а ја омаловажува содржината; зборува за кампот како отелотворение на „победата на ‘стилот’ над ‘содржината’“, иако поточно би било да се каже, како што брза Зонтаг, дека кампот внесува „став кој е неутрален во однос на содржината“.207 Во други нејзини сочиненија од истиот период, Зонтаг пизми против оној вид критика што го игнорира или го „тривијализира“ стилот и што за таа сметка му дава предност на „толкувањето“ на „содржината“; таа повикува поимот содржина да се стави каде што му е местото.208 Но, кога сме кај кампот, тоа што машката геј-култура постигнала победа на стилот над содржината, ја вознемирува Зонтаг.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Богородица и деверот Геле со другиот нејзин син влегоа дури по Милка Русјакова и Родна Караколева, се истуркаа низ нив и ја бапнаа мократа дема крај огнот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На поголемиот одар Роса со четирите моми, на другиот нејзината сестра Сава со својата момичка и со најголемата на Роса.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Родна откако ги потсмирува струите што ѝ шетаа по телото, се подисправа, си ги гледа разголените нозе, внимателно си ги покрива со веленцето, а го поднаместува веленцето и врз својот Петар од другата нејзина страна кој се однесува како да е мртов, ни се слуша неговото дишење ни се гледа, а не се гледа ни мислата што му седи во главата која неговите физички заспани очи широко ги има отворено и со нив како да гледа и преку коската на черепот и преку дебелото веленце што го покрива сосема.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чана не беше нешто што можеш тукутака да ја истуркаш или да ја свртиш, таа ги рашири рацете, ги свитка шепите, едната рака за малку не ја зграпчи Милка оти дробничка како газе од игла топузлијка, а родна се удри со оние две големи топки напред дарени од господ во другата нејзина рака, а богами им се попречи и нејзиниот грлен глас Што сте се раскокодакале бре жени!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- прашав јас, приближувајќи се до вратата изненаден од тоа што овој што е од другата нејзина страна не ѕвони туку чука.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)