друг (прид.) - непознат (прид.)

Му завидував на смиреноста со која не можев никогаш да се здобијам, да го одржам спокојниот чекор, ритамот на минливоста, небаре презабрзан во некое друго време, да престигнам друго непознато време...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тоа беа само зборови, а овде, во селото тој го познаваше животот, тешкиот живот со сите ужаси на гладот и бедата и затоа секоја промена, одење во кој и да е друг непознат крај, оддалечување од неговото село го мамеше и му се чинеше дека е подобро.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И додека траеше и грмеше музиката, на бината се редеа владици и попови облечени како за голема богослужба, високи армиски и полициски офицери со сите одликувања обесени на градите, градоначалникот на Костур, селскиот даскал, кметот, новинари и други непознати лица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој имаше големи клемпави уши и грозоморно, сѐ до ушите, се насмевнуваше гледајќи го старецот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сето село станувало едно семејство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се работело на смени и ноќе, крај запален оган и под чадливи факели, и сето тоа движење на молчаливи сенки и сеништа чиниш било чинодејствие од некој друг непознат свет, небаре куп жилави корења биле поткренати од камен и земја со силата на мртвите пренесувачи на воденички камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Маргина 37 77 „Овој е наш“ - помисли старецот, но другиот непознат го збуни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но имаше и други непознати семејства кои доаѓаа и го напуштаа Козар маало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)