друг (прид.) - главен (прид.)

Ги собра сите мажи, Мато Никола, поп Пеја и другите главни луѓе, сред тврдината и им ја објасни веќе јасната положба: – Како што гледате, браќа, ние сме в стапица; во безизлезна положба.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секретарот, барајќи да си го поврати авторитетот разнишан од овој козар, пред своите потчинети, сега поприбрано и одмерено му се обрати гласно на Чанга за да слушнат и другите главни козари: – Ние градиме социјализам на патот кон комунизмот, кон бескласното општество.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)