друг (прид.) - врвен (прид.)

Јасер Арафат лично бараше југословенскиот амбасадор прв да му ги предаде акредитивните писма со кои јас бев од Претседателството на СФРЈ именуван како вонреден и ополномоштен амбасадор при државата Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓутоа, ова беше круна на неколкугодишните интензивни односи што ги имав претходните три години во Тунис со самиот Арафат, потоа со неговиот министер за надворешни работи Фарук Кадуми, потоа со Абуд Ијад, Абу Хол и други врвни водачи на генерацијата палестински борци за слободата на својот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сеќавав на зборовите на Махмуд Дарвиш изречени на истото место крај Охридското Езеро, во август 1978 година, на Струшките вечери на поезијата, кога заедно со други врвни палестински поети, беше дојден по наредба на самиот Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имав некаква скриена стратегија да го вовлечам Махмуд Дарвиш во темата што постојано ми беше блиска, но немав храброст да ја започнам: неговите односи со Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ни крив, ни должен, како и многу други врвни албански интелектуалци, школувани во разни европски центри, ќе се најдат на нишан на албанскиот репресивен сталинистички апарат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)