друг (прид.) - виден (прид.)

Велат дека таму, во сепарињата на таа кафеана, се плетела и се расплетувала темната страна на нашиот живот, а тоа беше животот на многумина злосторници, кои наеднаш ќе осамнеа како убијци, како учесници во злостори, како уценувачи на видни граѓани кои на некои други видни граѓани не им се допаѓале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Али Фети, министер за внатрешни работи на Империјата, ќе биде уапсен и испратен во заробеништво на островот Малта со околу двесте други видни политичари.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Истиот ден од пристигнувањето на Хрисостом, во зградата на митрополијата владиката го посетија мајорот Лит, шефот на безбедноста Беренц, префектот Кесар Марѕокис што ја претставуваше цивилната власт на островот, градоначалникот на Закинтос Лука Карер и други видни граѓани на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Секој занает си имаше своја слава во градот - ќурчиите го славеа Свети Илија, казанџиите Свети Спиридон, бавчованџиите и лозарите Свети Атанас, терзиите Петровден, и сите ги канеа на своите денови, и турските големци, и другите видни граѓани, ама Свети Пантелејмон на папуџииите за Тодора беше некако најубав празник и чест што мислеше дека целосно и самата ја заслужува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во Атина од каде што доаѓаше владиката тој беше сведок на вистински драми врзани за прогоните над локалното еврејско население.  Митрополитот имаше време и расположение за сите присутни, но посебно внимание им обрати на посетителите во германски униформи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Хотелот плени со својата убава и различна архитектура од другите видни градби во градот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој фати конушма со Младена Чкулот, со даскалот Бина, со Петка Спасов, со Трајка Ташков и други видни селани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)