друг (прид.) - чорбаџија (имн.)

Само едно Петре беше посреќен од Митрета, што патема за фронтот, преку Дуње и село Манастир, во Витолишча го најде татка си Петка со невестите и децата кај Илка Сукалов, кој го прибра „од гревот" да им помага на уште малите негови деца Толето и Нешка, оти сега сите Куковци, Дрманчевци, Ѓуровци, Пуцевци и други сиромаси исто така беа војници, та Сукала, Билјарот, Чолакот и другите чорбаџии не можеа да најдат момоци за триста гроша годишно и аргати за три гроша дневно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сулоага, со ќуркот на едното рамо, чибук од половина метро в уста, едвај го лапа ќилибарот, се шетка и прави муабет, де со еден, де со друг чорбаџија Распрашува за дома, за деца, за стока и за бериќетот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Се јави Чолакот, поткрепен од Милоша, Влајка Лазев и други чорбаџии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го оставија селаните, но само од директното учество, а советите ги прифатија и многу умно направија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ако забележи некој од вас некој пезевенлак од нивна страна, ќе ми кажете мене, јас ќе ви наредам што ќе правите после, — им стави до знаење на сите свои потчинети и ја прифати поканата од чорбаџи Чешелка да му биде гостин вечерва, а другите чорбаџии зедоа по еден мулазим, чауш или башчауш и сите вечерта добро го нагостија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ај, аџиице, да ме испратиш - је рекол на жената си - од град надвор, оти јас ќе одам на аџил'к.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Одејќи до негде, еве му настреќи еден друг чорбаџија и откоа се здравуале, му рекол: - Кај си бил вака?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сполај богу, рацете нема да му се изеа(т), да.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еле, се одделија двајцата чорбаџии, и до негде еве му друг чорбаџија, и него како со првио се повалил чорбаџијата што купил јагне, му купил на сиромајио еден џигер.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа му се изназборуа сиромајио на чорбаџијата, му ји клоцна со нога стомните и му го остаи џигеро, и откоа му плукна во дворо, си излезе од портата надвор и си отиде при еден другар негов, си зајмел некој грош и си купил месо и друго што му требаше и се запокладил како што рекол Госпо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Поодил пишман аџијата некој саат и си собул јемениите од нозе, та си 'и врзал за појас.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ти, чорбаџи, треба да застаниш од левата страна - му рекол на тепачот - а другиот чорбаџија што чинит давија да застанит оддесно, чунки таков е усулот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Денеска, ако ти дал џигер, утре ќе ти дај чкембе, други ден црева.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)