друг (прид.) - четник (имн.)

Тоше и Милан влегоа во растот, се поздравија и со другиот четник што беше на стража и побараа да ги одведат веднаш кај војводите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Јас ќе се борам со Шаќира, да видиме како го ранел царот зимава — се провикна Трајко Брниклијата, а Шаќир не дочека да му се рече двапати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со два збора им кажаа дека ги бара Ѓорче, кој иде во помош со педесетина четници и осум товари џебане.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога беше во друго село, требаше некоја да ја замени и Марија и Ќосото, кого почна да го распоредува на конак со другите четници, а не со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги прибра Толе и другите четници и, речи си, уште неизмиени казаните во кои се вареше манџа за аскерот, тој со сета своја арамиска тајфа се истресе една вечер во Градешница. (Тука му беше повеќе врталиштето).
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Их! дури пет да речеш, — одговараше Шаќир на прашањето од Трајка, Најда, Андона и другите четници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Џенем ваќајте! Кој кај сака — кршите вратот!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Малку ли ни беа виа страданиа и маки, ѓупците да ве мачат, шо го зете народот на душа, бре? Ошче ли сакате да не истезаваат?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, како така, бацко Толе, ами роднина сме! — почна да се брани Ѓурѓа, знаејќи ја Неда како негова посестрима и расипана девојка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Двајцата паднаа со по некој и друг четник, а другите му се придружија на Андона.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Поризливо е детето, затоа му се бендиса, — одговараа другите четници и не му даваа особено значение на тие блиски нивни врски. * Не помина ни месец од вракањето на Шаќира и Ѓура во Толевата чета, Шаќир доби писмо од Петрета Ацев во кое му пишуваше да го замоли војводата Толета да се стави со него, како знае, овие дни и да поведе еден од своите најдобри другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Шо мислиш, шо работа ќе биде, та без мене шо не може да се сврше? — го запраша Толе Шаќира, а во себе си помисли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)