друг (прид.) - час (имн.)

Но другите часови подобро и да не беа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не зборувам за тебе Те имам заборавено на друго место Во друг час Но таму животот зависеше од ковачите На соништата А ним никој не им посвети ни шугава песна.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
На друг час, во текот на предавањето, стана од клупата, си ги зеде книгите и тргна да излегува надвор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но јас сакам да ви ги изнесам само оние часови во домот, само оние проклети часови поминати во домот, господе, та ние и немавме други часови, чесен другарски збор, само оние часови додека дојдовме до Сентерлевиот рид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На секој друг час можеше човек и да си дозволи таков луксуз, воопшто не беше опасно на друг час малку да се поспие, дури се претпочиташе како нешто нормално, природно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)