друг (прид.) - ученик (имн.)

И кога Миќо, со кого седев заедно во првата клупа, ќе почнеше да прави непристојни движења зад неа штом таа ќе помине меѓу клупите јас не ги обелував забите како другите ученици, ами страшно одвратна ми се чинеше таа постапка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Другата недела пак Гоце излезе во градот како и другите ученици јункери и питомци од военото училиште во Софија. Тој дома пак го посети Ѓорче Петров.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Можеби не знаеш, - продолжи Гоце - треба да ти кажам дека уште лани, во 1893 година, во Солун е основан првиот таен револуционерен комитет за борба на Македонците за ослободување од турското ропство.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Додека другите ученици нашироко дискутираа за посетата на Ќеле Кула, за тоа колку било морбидно да се гради кула со човечки глави, за свирепото стрелање во Крагуевац, Рада и понатаму беше во својот филм како главен режисер и сценарист на нештата што ѝ се случија, на почетокот од патувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Им се насолзија очите и на другите ученици и сите, низ оние три-четири реченици што Иле ги прочита за својата мајка, ја почувствуваа неа како своја.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Да забележиме уште дека стапот на Кадер е мошне сличен на штафетата пренесувана среде трка од еден извесен Диоген или некој друг ученик на Антистен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Рабинот му беше учител и кога ќе се наведнеше над него со зажарените очи и моќната сиво-бела рабинска брада што погледната оздола, личеше на градоносен облак, Цви Корец се чувствуваше мал и безначаен како да се отворила Книгата и тој да стои пред самиот реб Моше спуштен од Синајската гора или пред Јаков, таткото на Израилот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој тука се враќа во подамнешното минато, и за чудо, задлабочувајќи се во него, одново почнува да го чувствува лекото, прозрачно присуство на Бога.  Како дете му се чинеше дека шекина12 ја чувствува посилно одошто другите ученици во верското училиште во родниот град.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сите други ученици се добро облечени и убаво зборуваат македонски.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Задоцнив, па не знам каде да влезам. Во нашата училница има други ученици.“ - одговори Соња плачејќи.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Но кога ја подотвори вратата се штрекна и пак ја затвори, зашто во училницата седеа други ученици.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Професорката помина потем на кажување на успе­хот на другите ученици.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)