друг (прид.) - сосед (имн.)

Разбојниците од ден на ден, од година на година, се посилни и подрски стануваат и на нивниот пример се угледуваат и други соседи, така што претстои опасност целата раја во овој дел од големата царштина да се зарази со нивната дрскост.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Писокот од грлото на Јане се изгуби меѓу небото и правот на коњот, се заби во процепот кој за навек го однесе... ја грабнаа и Стојна на другите соседи...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Танконогиот аптекар со коскени крилца на плеќите се одвои од нив полека и тропна на вратата на Отец Симеон обѕирајќи се кон другите соседи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На другиот сосед му сотре три пилиња, во игра, во подготовки за лов на птици.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- А грчки? - Од другите соседи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)