друг (прид.) - разговор (имн.)

Се изделува таа реплика по нешто од другиот разговор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Саво, кој беше на средината од двата разговорни пара, како џокер се уфрлуваше час во едниот, час во другиот разговор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Глупави - додаде таа потсмешливо и веднаш поведовме друг разговор.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Пак замолчеа. По кусо време авторот реши да не дозволи да почнат некој друг разговор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дури во еден друг разговор дообјасни, рече, повеќепати повторил дека само за неа дошол дома во С. Да ја види неа. И да побара да му прости.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Значи не оној од импровизацијата од пред малку туку од еден вистински разговор што го водевме гласно и со толку добро запаметени зборови што и денес можам да ги видам како да се забележани или изрежани на некоја карпа или на некоја друга цврста подлога.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно се беше присетила на некој друг разговор на слична тема или на некоја поранешна итрина на Огнена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност пропуштив да му откријам дека повторувам слични зборови на оние што ги бев употребил во еден друг разговор со истиот мој професор Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа Огнена Гулева отскита, или се беше загубила неколку моменти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој вистински разговор всушност му претходеше на оној, замислениот, и се однесуваше токму на таа тема: каква помош смее да очекува синот од таткото во моменти на загрозеност?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто пред иследникот го сокрив потеклото на разговорот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)