друг (прид.) - професија (имн.)

Обично брачни парови агрономи, сточари, од сродни или други професии, користејќи од владата поволни кредити, отвораа свои козји фарми и обезбедуваа солидна егзистенција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сакам да кажам дека писателот мора да биде подготвен да преживее нееднаква изведба, што може да биде погубно во другите професии.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите поголеми проблеми во нашата со-човечка-рака-создадена средина ја покажуваат неспособноста на проектантите и на другите професии да го спознаат значењето на перцептивните и психичките проблеми на другите луѓе, и нивните ефекти врз однесувањето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Медијатори можат да бидат адвокати, дипломирани правници или лица од друга професија, во зависност од видот на спорот, кои завршиле обука за медијатори и ги исполнуваат условите од овој закон (чл. 10, ст.2 од ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откажувањето на страните од медијацијата не влијае врз нивното право спорот да го решат во судска или друга постапка (чл. 3, ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова е разбирливо, бидејќи една од најтешките задачи за архитектурата, како и за колегите од другите професии, вклучувајќи ги и психијатрите, психолозите, социјалните работници и администрацијата, е во потполност да се разбере значењето на она што на здравото лице може да му изгледа минорно и без последици.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)