друг (прид.) - пречка (имн.)

Ако тоа го бараат посебните околности на случајот, а особено ако тоа е потребно за одлучување по предлогот за определување на привремена мерка – судот веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на предлогот, ќе закаже ро- чиште за расправање по предлогот и ќе нареди примерок од тужбата да му се достави на тужениот (чл. 269, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сè околу него, до каде што му стигаше погледот и подалеку, каде што не можеше да види поради свијокот на земјата и дрвјата и другите пречки, сиот терен му беше познат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По приемот на одговорот на тужба, ако судот утврди дека меѓу странките не е спорна фактичката состојба и дека не постојат други пречки за донесување на одлука, судот може да донесе одлука и без одржување на рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во одговорот на тужба тужениот може да се изјасни за барањата и наводите од тужбата и да предложи докази со кои ги поткрепува тие наводи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А помеѓу мене и Милошевски мислам дека постоеја такви а и други пречки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)