друг (прид.) - потреба (имн.)

Остатокот да се распредели за други потреби.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но и повеќе од тоа - ова е првото исчекорување од водичот Дерида: ова е хипер-текст, друг медиј, едноставно, друга потреба.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не сум сигурен дали ме слушна или изигруваше отсутност но јас му реков дека се согласувам со него и дека можам да си ја замислам силината на љубовта која е во состојба да раздвижува, да покренува па дури да замени и да надополни многу други потреби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имотната состојба на родителите им овозможувала да поминат малку безгрижен живот, без работа, а ако посетувале некои дуќани и слично, тоа го правеле барајќи друштво за разговор и разонода, а не по друга потреба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не ќе се осмелам да кажам дека станува збор за некаква над- етичка или над-политичка “радикализација”, па дури ни тоа, а во оваа прилика тоа ќе нѐ однесе премногу далеку, дали зборовите “етика” или “политика” денес најпримерено ја именуваат таа друга потреба, блага и неподложна, таа потреба токму неподложна на другиот... извор: Quorum 1, 1994. превод: Г. Н. Ом okno.mk | Margina #11-12 [1994] 47 Жак Дерида: за граматологијата (Jacques Derrida: De la grammatologie, Paris, Ed. de Minuit, 1985, pp.11 - 21)
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Колибата ја сочинуваа две одделенија, надворешно, мошне пространо, со сосаци и амбари покрај ѕидот, во кои се сместуваа житото, компирите, кромидот, а по диреците на клинови висеа торби во кои можеше да се најде грав, просо, лук, брашно и други потреби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ПАРИЗ, сам за себе, претставува цела држава. самиот факт што на едно пространство во дијаметар од педесетина километри живее население дури поголемо отколку во соседна Бугарија, или пак во Грција, наведува на помислата што сѐ овде не се прави за да бидат навреме нахранети толку милиони луѓе, за да бидат редовно снабдувани со други потреби, за да се префрлаат луѓето на работа и по домовите за да има вода достатно за пиење и хигиена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
2. Овие три начина на пишување мошне точно одговараат на трите различни состојби според кои можат да се разгледуваат луѓето обединети во народ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)