друг (прид.) - пат (имн.)

Оној што може да подигне 200 кила секогаш ќе го има патот до моето срце!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Подобро ќе биде друг пат да внимаваш да не се исечеш!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За миг се губешше помеѓу бледото лице на небото, еднаш наѕирајќи со секавични црвенила, што како остри безаглени линии се протегаа на хоризонтот, друг пат со мазножолтеникав поматен превез гордо се поигруваа црвенилата, најавувајќи го доаѓањето на сонцето – таа величествена жешка топка полна со живот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А козите... ќе се спасат само ако летнат кон небото... Тие и без тоа ќе завршат во небото. Немаат друг пат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Треба да го промениш патот и да тргнеш по друг пат. Инаку не ти чини работата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Добро, господин началник... - почна Гоце да се правда, но началникот го прекина со зборовите: - Доста! Нема да те слушам!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јас тргнав по друг пат, според сфаќањата на моето рано окружување, многу полесен, патот на моливот и белата кошула и вратоврска.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„За пашите тоа било играчка работа“, рече Владе. „А и таква политика воделе - јашасан едни, патласан други! да живеат едните, да пукнат другите. Другиот пат обратно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Му се насладувавме сите тројца на едно бонбонче ...мајка ти, вујче ти Пане и јас, ни кажуваше вујко ми Вангел кога пребиравме околу јадењето на богатите празнинчни софри кога ќе дојдеше вујко ми Пане од Загреб во костум на Бос.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Да наздравиме, ми рече, којзнае дали друг пат ќе имаме прилика заедно да пиеме вотка во воз на пат за Будимпешта!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Баба ти ги правеше еднаш варени, друг пат пржени, трет пат со малку ориз... раскажуваше мајка ми! ...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Поуката којашто од германското и чилеанското искуство ја погодува хрватската ситуација е едноставна: никаков друг пат не води од тоталитарното минато во демократска иднина освен патот на артикулирано сеќавање.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога друг пат ќе решиш да ми недостасуваш, покажи ми првин како се пати громогласно.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Некои дистинкции се создадени, така или инаку, тогаш или друг пат: овие дистинкции не постоеле примарно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Употребете а и неа и нас за доброто на рајата! — и ја кладе пред нозете на Петрета, та застана со наведена глава за прв пат пред човек, кого, ни го знаеше, ни го познаваше, без да ја обиде својата сила; се свитка како леоќова прачка. Петрета го трогна ова постапка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа му ја подаде кусата манлихера, накована со златни и сребрени пари, и му рече со отсечен машки глас: — Слушна, војводо, дека и вие се борите против Турците, но по некој друг пат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како фалусен симбол, т.е. фалус, како фетусен симбол. Друг пат ќе ти објаснам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Значи, имаме и уметнички реклами!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Спилберг и друг пат го правел тоа; главните херои во ИТИ јадат точно одредени колачиња.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Форд подоцна и огласите ги конципираше според матриците од филмот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ништо: како неумитни судии, како прекор, како каење - нежната добрина и благост во нејзините очи, појасни и помили од секој друг пат - се испречија пред него, му ја заматија свеста, му го зголемија неспокојството.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како и друг пат, сеедно каде одеа, сеедно колку да беше пријатно и убаво, - таа остана затворена во себеси, невесела, потисната.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Суетата, онаа несовладлива женска суета, диво ја гони и Данче не знае за граница и мерка... Вечерва повеќе од секој друг пат...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А таквата, додава несрдениот раскажувач, ако не ноќеска, некогаш друг пат ќе ја изеде волкот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
МАРА: На арно ли ти излегло друг пат?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
СОФРЕ: Ајде, не треба да ве молиме. Сами сме друг пат и пак си пееме, не пак сега што еве дојден шурава од Америка...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Дури и подоцна по сите оние сознанија со кои се имаше здобиено од животот таа се трудеше самата себе си да се увери дека се можело да тргне и по други патишта, но и тоа што се случило имало свое оправдување а и свои вредности, па нема потреба да се оцрнува и да се трупа кај грдите спомени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Впрочем на какви убавини можев да се надевам ако останев во полето?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Детево ѝ ги извлекло ушите на сенката за да те слуша и друг пат, кога ќе те брка лав, да бега пред тебе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Бев изморен и не можев да пеам со нив.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Човекот секогаш пати од главата. Друг пат да не влегуваш во туѓи куќи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А и, воопшто, подозрив сум да не ги заменам описите со толкувања, конкретните предмети и практики со „опсенарски свет на ‘значења’“, да не би одбил така да ги согледам појавите онакви какви што се по себе, со сета нивна особеност, и да не го пренебрегнувам она што треба да се набљудува.113 Второ, кога психоаналитичките мислители го изнесуваат своето тврдење дека желбата го надминува идентитетот, главната цел, или главниот исход, е да се дестабилизира хетеросексуалниот идентитет, хетеросексуалноста да се ослободи од идентитетот – постапка чиј краен ефект не е да се поткопа, туку да се промовира и да се универзализира хетеросексуалноста.114 (Некои квир-теоретичари на сличен начин се повикуваат на психоанализата за да фрлат сомнеж врз стварноста на геј-сексуалната ориентација: исходот, меѓутоа, не е пресвртување на хетеросексистичкиот ефект, туку негово продлабочување.) Решавам да појдам по друг пат и да ги драматизирам границите на машкиот геј-идентитет така што ќе се занимавам со културните практики и животните искуства на самите геј-субјекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И сфатив дека за нас други патишта веќе не постоеја освен патиштата што водеа кон нашето искоренување... и во тој миг се слушнаа гласови и викања да продолжиме кон Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Брат, друг пат. До година пак ќе дојдеме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука ќе свртите лево и право пред вас. Друг пат за Врник нема.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бидејќи по пат на “преговори“ егзархиската “страна“ не можела да си ја наложи волјата и да ја постигне поставената цел, тргнала по друг пат: започнала да употребува други средства.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По пленувањето на 1.000 кг динамит, тој веројатно не претпоставувал дека тие ќе се снабдат со експлозив по други патишта.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Обично тој одел по еден, а се враќал по друг пат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие два меѓународни акта ни обеќаваат постепено раширување на реформите во Македонија и со тоа ни даваат право да се обраќаме до двете реформаторски држави со меморандуми и по други патишта за да им укажеме на нашите религиозно-национални и економски нужди, како и на тоа што го прави Турција, за да се исполнат тие наши нужди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што се однесува до личната подготовка, понекогаш трчам, друг пат ја ползувам вежбатажстој на главаж и други вежби за јакнење на телото...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Оди си по патот што си го одбрала, јас ќе те следам ќе те пратам, јас друг пат одбрав од каде нема враќање, а ковертот ти го испратив, полн чувај го за спомен СПОМЕН ОД МИНАТОТО!...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Прстот кој од забава понекогаш му го ставаше во устата а тој со сласт длабоко го вшмукуваше, еднаш велејќи дека има вкус на толчено морско оревче, друг пат на киви, сега му предизвика мачнина.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ја поминува патеката од Соравија до Тера Нова безброј пати во текот на денот, еднаш со потскокнување, друг пат уморно ползејќи.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Значи, има и редовни, кои се познаваат меѓусебе, значи се сретнале и друг пат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некогаш се гребеше на носталгија, поеднипати се трудеше да даде интересни перспективи за некои секојдневни прашања, друг пат во него ќе се исплукаше еден авторитарен систем, каков што, без претензии кон оригиналност, беше политичкиот систем на СФРЈ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Сите се тие копуци, не знаат друг пат освен оној што ги води дома. Толку е нивното знаење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Гаврил Лесновски, нели?“ Спиро Првославец знаеше повеќе од сите; не знаеше сѐ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сум одел само до Кратово. И по друг пат, маскарски, над Џгури кај што се топи во жижници олово и сребро. “ ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ПОП ЈАНЧЕ: Може. Без церемонија и врева. Гозбата друг пат ќе ја направи Илија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: Море, ако ни се искачи горе!... Зашто еднаш друг пат така ми направи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тие ретроградни процеси, тие обиди за спасување на еден монопол со друг, денес се одвиваат кај нас, и затоа моментно сме во слепа улица, бидејќи секој монопол е слепа улица, од неа нема друг пат, мора да се удри в ѕид.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таа само замавна со раката и рече: „Ќе го оставиме ручеко за некој друг пат. И онака не ми се јади.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Децата ме забележија од градината и ми се фрлија во прегратка. Гзиме очекуваше веднаш да заминам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Други пати било помалку итно и веднаш сум заминувал!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Камилски овие мисли ги сподели со Татко, кого го сметаше за покомпетентен од себе: Османската цивилизација мошне брзо ќе завладее во светот, но врз нови цивилизациски вредности, различни од андалузиската исламска цивилизација, пред сѐ мотивирана од военоосвојувачки цели. Но тоа е долга историја...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дали Османлиите, накалемувајќи го исламот на својот новосоздаден идентитет, ќе се надоврзат на старата исламска цивилизација на Мароко и Андалузија, каде што нема да допре Османската Империја, или ќе појдат по друг пат, водени од завојувачките пориви кон создавање и одбрана на најголемата Империја на своето време?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Има уште еден саат од филмот, ќе го гледаме друг пат. * * * Зградата на Куќата на братството на патриотската гарда ја имаше подигнато еден од многуте окупаторски режими кои владееја со земјата пред таа да се добере до независност.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Можеби ќе треба да чекаш. Јас ќе дојдам по друг пат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но овојпат мора да стигнеш таму по сосем друг пат. Испланирав сѐ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лена не ја одби мојата молба за разговор, но рече дека можеби за мене ќе било подобро друг пат да разговараме.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Патиштата ми биле препречени, па сум морал да скршнам по други патишта. Ете, се вратив...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Како и друг пат што правев кога не беше свесен дека те гледам, пак пред себе гледав измачен, блед, слаб лик.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Друг пат мислеше - можеби е тешко болен некој од неговите родители. Можеби и двајцата...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Слезе надолу до Ѓуешево. Ќустендил и таман се запалија магацините во Радомир и се отвори сражението по Владаја, Крле со дружината се качуваше по југозападните огранки на Витоша за да дојде по друг пат до Софија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Mope, ами шо а боде, песјачката песја, зар седнала да си и дупне прстите во ниј или пак да чкрипне некој и друг пат!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– Кој гроф, каков Чано, мила моја, зар не си го заборавила? – рече Татко гледајќи дали се затворени прозорците и вратата. – Грофот со кој танцував на свечената вечера пред заминувањето од Италија, во 1939 година. – Остави ги, мила, тие муабети за друг пат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Арно, арно, ќе дојдат и друг пат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овој огранок на едно од шесте најголеми семејства во Албанија (барем така се веруваше во семејната легенда), по престојот во Влора, на крајот ќе се најде во Тирана, обединето но без Мајка, која ќе следи друг пат на судбината, мажена кај Сул-Старови, кај друго големо семејство на Албанија, во крајезерскиот Поградец...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Има многу да се кажува! Да оставиме за друг пат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа гранична линија никогаш не успевавме вистински да ја видиме, еднаш беше под водата во Езерото, друг пат на планинските сртови, па во позлатените житни полиња, помеѓу двата брега на реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си реков, ќе ја избришам друг пат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со Еда Бранов јас се имав видено и друг пат и знаев дека исти работи бркаме, освен политиката во којашто јас не се мешав. Не да не се мешав...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе дојде друг пат. Зимоска, на пролет, другото лето... Неговата работа бараше неограничено време.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Татко, сè до крајот на животот им се препушти на отоманските сиџили, на еден друг пат, со друг помалку утописки хоризонт, од оној на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Игор Лозински и неговите предци сигурно знаеле и за другите патишта, кои ниту во „татковите книги” не се опишу-ваат директно бидејќи сведочењето за тоа би го довело во прашање опстанокот на самата библиотека.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, слушајќи го внимателно и занесно Игора Лозински, се пренесе мигум во судбинското патување на семејството преку морето и океанот во пресудната делбена ноќ, кога едни го презедоа патот на заминувањето на јагулите, а други патот на враќањето на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Туку друг пат, праша, ќе ти кажам ако останеме пријатели.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Друг пат напомни ми, голем ум бадијала ќе ти дадам...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Арно ама дуовникот други пат не бил во тој вилает, за да знае да шета сам и му рекол на анџијата за да му бара некој калауз, за да го шета по селата и по градовите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Милосливоста и сожалувањето ќе ги оставам за друг пат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој тебе навистина ти кажал како што велиш, ама дома рекол инаку: за да не му се случело нешто лошо, ќе го пуштел Лумана по друг пат да помине.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Семјон кажуваше дека тие генерали не дошле во градов заедно со нивната група туку по некој друг пат. По кој пат?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Добро сине. И друг пат ми имаш речено дека таков народ сме ние. Свртени назад. Загледани во себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еднаш други го лажат, друг пат самиот се лаже.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Випем за ова, випем за она, ај, на здравје, на здаровје, ни се одврза јазикот и јас ќе прашам: — Оти не одберете друг пат?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се сретнуваш, ќе се пресретнуваш вака: еднаш ко непријател, друг пат ко друго, така било во животот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае друг пат дали ќе се видиме, ѝ вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали смртта си ја закажале преку некое парче момирок или по некој друг пат, што се вели, по друг телефон.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И Славко ќе дојде друг пат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Директорката те поздрави, Миле, имала семејна работа па ќе ти дојде друг пат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Друг пат е следен, против себе да одиш, Ти нечесник, да умираш во богатство секој ден, бедно како скот.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Во тој момент одзади наближи една мала селска кола, која што подзапра кај раскрсницата, за да заврти по другиот пат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но, - ми се обрати мене, - друг пат ќе разговараме на таа тема, сега продолжи да раскажуваш, зашто веќе е доцна, ќе треба да си легнеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ако, така ми треба кога во бандата примам девојчиња со помали браќа од нив, - си помислив, а на Мишко му реков: - Се спаси овојпат, друг пат чувај се добро, забите ќе ти ги искршам!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Одевме прекутрупа, по друг пат, за да не се сретнеме повторно со бандата на Крвникот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ќе внимавам друг пат да не ви здодева.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми рече да се вратам по другиот пат и дека по пат ќе ми кажува.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Перса појде до кујната по чинијата на Мурџо и откако ја накити со многу повеќе манџа отколку другите пати, излезе надвор само за да не се расплаче пред малечката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И не секирај се, ќе им помине оваа фаза, треба да бидеме стрпливи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ај оди сега, размисли малку и друг пат не ставај сол во секоја манџа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сум била јас и друг пат рекреативно дел од такви фотосесии.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)