друг (прид.) - ока (имн.)

— Добровечер, Суло ага! — викна од врата Калешко, кој не еднаш му бил гостин на Сулиман-ага во Лагот и му испил некоја и друга ока ракија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе јадеш некоа и друга ока ќотек, токо прави го алав.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, сега, браќа, каде да ваќаме? — ги праша Толе другарите над село во гумната.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си свршија работа, накачија при бравите и легнаа да си преспијат, бидејќи цела ноќ стоеја на стаповите пред булук — зад булук, за да му направат на Велиага некоја и друга ока месо повеќе за да земе некоја и друга лира повеќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)