друг (прид.) - нога (имн.)

Христијаните, оние што стоеја простум, само ја пренесуваа тежината на телата од едната на другата нога а седнатите се правеа божем премногу се забавени со орлите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се свиткуваат главичките на маргаритките, болежливо се исправува тревата и уште недоисправена ја гнетат други нозе и копита и по нив други.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега ја истегна другата нога, ја собра исправената.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И тоа се повторува де со едната, де со другата нога така што работата е презаморена.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Да легнеш подалеку од сите сенки и да ги гледаш и да ги плачеш тие мајки на сите стоења и на сите вишнеења без птици, стебла. Да легнеш и да молчиш е ова попладне крај брег симнато в песок со една во вода со друга нога застанато.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Петра, одејќи не како да чекори туку како да се префрла од една на друга нога и со левата рака на грбот и десната размавтана, му пристапи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Или си ја суши косата со фен и го брише паркетот со крпа ту со едната, ту со другата нога.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Само шмајзерот си го зедов. ,На гости ти дојдов, Кито моме", пеам и трчам, потскокнувајќи де на едната, де на другата нога.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кој ќе ја фати да ѝ стави на другата нога прстен и да напише: кога е фатена и каде”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој ги свива нозете во колената, ги подбира кон себе, те едната нога врз коленото, те другата нога врз другото колено, додека зборува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Небаре одвај чекал Горда да го остави сам и да се изгуби меѓу дрвјата покрај плажата, клинкајќи де на едната де на другата нога во соблекувањето, Грдан се стрча по лизгавите камења кон водата и се нурна уште во плиткото главечки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Можеби поради тоа што наставникот реши да ја прати на натпревар.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа ја кренав и другата нога, и пак така уште еднаш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се поткачивме на скалите од влезот во зградата на болницата, и така можевме убаво да видиме што се случува во централниот дел од паркот: таму десетина луѓе јаваа огромна риба направена од перници зашиени една за друга, и извикуваа: „Летаме! Летамееее!“, таму една старица држеше стаклено чевличе и прашуваше: „А каде е принцот, да провери дека ова чевличе му прилега како излеано на моето ноџе?“, таму во занес една старица и еден старец со огромни пеперуткини криља потцупнуваа де на едната, де на другата нога.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ова е како театарска сцена,“ рече брат ми. „Или како циркуска арена,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Ууу, камен ти под јазик, Уљо, велам јас, ти поткасај си го јазикот, а нему и другата нога нека му се исуши!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почувствува дека истото се случува отпрвин со едната, а потоа и со другата нога.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)