друг (прид.) - наука (имн.)

3. За да се биде забавен во општеството, да се умее да се убива и весело да се минува времето, потребна е само една наука: карти - во најголем број случаи, оваа наука ги заменува сите други науки.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Колку е мила и привлечна храброста на тоа кутренце, толку е забавна смелоста на вашата памет, кога таа им се лути на работи пред кои истата е помала од пудлицата пред капетанот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Откривањето на кадиските сиџили во Битола, речиси преку ноќ, ги зголеми амбициите и на младите и на постарите научни кадри во областа на историските, на правните, на економските, на филолошките и на други науки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ниедна друга наука, ниту медицината, не успеала да го измисли лекот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со национални прашања не се занимаваат и со голема досада слушаат реферати на тема по етнографијата, па и по каква и да е друга наука, освен политичката економија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така им објаснуваше Димо на простите мариовци: дека само грчката наука е вистинска наука, додека сите други науки се ѓаволски или украдени од грчката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)