друг (прид.) - мајка (имн.)

Во едната група беше татко ми Кире а во друга мајка ми Невена.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ја споделуваше болката на мајка, на другите мајки во Козар маало што не можеа да го прехранат семејството, но тој бараше да ја разбере суштината на проблемот, ги бараше патиштата на можниот излез.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И кога го носиш ранетиот си велиш во себе – дали некоја друга мајка така ги носи моите чеда?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И низ солзи други мајки велеа и повторуваа дека детето на една мајка не се најде...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие и навистина биле и нејзини ќерки, нели, таа барем така ги чувствувала со целото свое срце, а тие ... дали и тие ја сакале како мајка, како друга мајка?...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Долго не ќе можеме сами, без друга мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Си мислев дека можеби тоа дете повеќе ќе ја зближи кон другата мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Што ќе биде со мене и со Ели ако тој, татко ми, се реши да доведе друга мајка?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во тој момент знаев дека чувството кон таа друга мајка со ништо не го повредува чувството, љубовта кон мајката што не беше родила и што на така трагичен начин ја загубивме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Другата мајка, ако се реши татко ти пак да се ожени, како таа што ве родила нема да може да стане, но може пак да биде многу добра и да ја засакате, зашто ќе ве гледа, ќе ве подига во добри луѓе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сега имате друга мајка - тоа таа го рече зајадливо, - па зошто ви се блиските на мајка ти покојна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Може ли да биде друг мајка, освен тој што те родил.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Самиот збор друга мајка ми изгледаше неприемлив.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Многу е добра, - реков, истовремено обидувајќи се да си ја претставам како моја друга мајка и пак, не знам како и зошто, ми изгледаше неможно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Татко ми доведе друга мајка, - рече таа одненадеш, кога излеговме во дворот на училиштето на големиот одмор.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Како да немав време во тие мигови да го почувствувам тој мајкин повик, пренесен во мисијата на една друга мајка, во едно друго време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да не речат, - оди си кај таа другата мајка...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Токму таа, што му ја спомнуваа татко му и мајка му, кога му зборуваа за неговата друга мајка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сè до ова писмо, тоа што му го кажуваше Марша, за таа друга мајка, на Карл му изгледаше сосем невистинито. Како дел од некоја приказна...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Доста Макрева, Јова Батанџиева, Велтиса Мидова Велика Калешкова, Митра Ѓорѓиова и ред други мајки, еснафки на Рожденката, чии деца за првпат или уште од лани одат на училиште, кои стоеја одвоено од машките веднаш по говорот од даскалот почнаа да го коментарисуват случајот со Нешка Рожденкина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Козите, како и за многу други мајки, во тие времиња беа сметани не само за спасителки на луѓето туку и за вистински светици.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дуваме во прстите, си ги триеме рацете, се топлиме со воздишките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А потоа почнаа да викаат и други мајки... и...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа, целата вгушната во мене, со главчето под мојата брада, трепереше, се тресеше од студ и шепотеше: - Кире, зошто ја немаше мама со другите мајки?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Друг некој бил тој, убиениот. Друга мајка во црно ќе завиеја. Нека им е простено од мене.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
— Јас сум ти мајка, му велам, немаш друга мајка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред лифтот ми се обрати: - Ама женска е мајка ти, не е како другите мајки, нели?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не би било воопшто страшно кога би ја напишал вистината дека твојата мајка заминува на работа подоцна од другите мајки, зашто по професија е новинар.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Еден ден татко ми нè собра сите четири деца и нè праша: Деца, дали сакате да ви доведам друга мајка, еве баба ви е стара, не може да ве гледа а вие уште сте мали.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Овде нема никаква друга мајка освен мојата – остро рече девојчето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти и самата си ми рекла дека други мајки имаат кутии за скапоцен накит и ги чуваат заклучени, а дека наместо тоа јас си имам „свет” и, колку што знам, тебе мојот „свет” секогаш ти се допаѓал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Супер мајка е – фатив да ја бранам. – А ти, мамо, треба да подразмислиш, погледни малку како се однесуваат другите мајки.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Забрануваат, казнуваат ако треба, водат контрола каде одат децата, со кого се, што прават, а ти: „Бреза самата знае, таа најдобро може да одлучи што е добро, а што не е за неа!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ох, прости, се збунив – се досетив веднаш – згрешив, не ја барам мајка ми туку сестра ти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа зборуваше, а јас ни да трепнам. Ѝ реков, ама пак во себе: „светот” е составен од сувенири, а прстенот си е прстен и тој постои за да се носи на прст, како тоа не сакаш да го разбереш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)