друг (прид.) - материјал (имн.)

Во оваа програма ќе бидат вклучени разни изворни матери­јали, подготвителни цртежи, меморабилии, и други материјали што го одредуваат делото во фор­мален и културен контекст.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Филмовите ќе можат да се видат не само во специјалната сала туку и во самите галерии.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но каде се зборува за Ворхол како филммејкер, Ворхол како уметник на инсталации, Ворхол како музички продуцент, Ворхол како писател, Ворхол како издавач, Ворхол како фотограф, Ворхол како филозоф, Ворхол како дворска будала, Ворхол како колекционер - Ворхол како тота­лен уметник. (...)Под кураторското водство на Марк Франсис, музејот ветува еден профил како резултат на умет­­ничко и историско истражу­вање, нудејќи досега најразработен и комплексен портрет на Енди Ворхол.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но кон средината на јули бугарски претставници пристигнале во македонскиот Главен штаб и било одлучено да се испрати британска воена мисија за да го организира снабдувањето со оружје и други материјали за Бугарите за нив и покасно да навлезат во Бугарија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Мекдоналд во радиограмата до Force 399 ќе истакне дека и покрај нивните постојани барања на оружје, муниција и друг материјал „вашиот одзив со пратки е многу мал.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Иако слушна гласови, неговите очи не можеа да распознаат човечки фигури сред купот волнени паноа, неонските цевки завиткани во форма на букви, и друг материјал и опрема складирана внатре.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оваа монографија е втор обид тој интерес да биде задоволен.* Ние сме свесни дека, поради недостиг на доволно архивски и друг материјал, не бевме во можност да одговориме на повеќе прашања што во темава ни се наметнуваа и да ги пополниме сите празнини што се појавуваа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Моето свилено шамивче кое тебе, знам, толку те восхитува, би било денеска од друг материјал, а не од свила, која оттогаш, заедно со други стоки, се внесува од исток.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас ќе бидам директор на претпријатието.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе приучам мајстор за ковчези од дрво.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа издејствувај ми едно пусулче за да можам да го обесам на ѕидот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Може и од друг материјал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во материјалчето за фустан е уд мен, уд сестрата на момчето, во другиот материјал уд братот и снаата, уд најголемиот, во другто е уд руднини на момчето!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во бурињата имаше спакувани бомби, шмајзери, англиски пушки, зеленикави кошули, џемпери, фанели, блузи и други материјали.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Горјан ја извади кожната торбичка и почна да пишува: „Драги Тале, ние сме засега добри, но имаме нужда од лекови и други материјали.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Како човек со добар вкус, мојот татко од сите платна ја претпочиташе свилата и ниту еден друг материјал не му се чинеше достатно подобен за мене.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- По ѓаволите! Има свилен да ми бидеш!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)