друг (прид.) - избор (имн.)

Татко немаше друг избор освен да го приврши своето искажување: - Почитувани судии, еве ме, навистина, со својата отоманска диплома, сосема неочекувано, во овој социјалистички суд.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ако претставата, односно сценскиот израз, им легнал на срцето, аплаузот нема друг избор освен да биде френетичен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Масада 73 Света трпеза пред пештерите во камењарот над Мртвото Море послана со ленени простирки и со безброј земјени паници полни со плодови риби вино и исушен леб И птици поседнати на трпезата и исушени костури на востаници и мајки деца старци наоколу кои опколени од римските легиони немале друг избор освен до последниот да изумрат но да не се предадат
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И навистина, по многу векови, Бајазит влезе во Европа и сега сека ноќ е на прекрасна прошетка низ дивните џамии на Берлин, Париз, Лондон...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но кога нема друг избор и тоа се прави.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јанка немаше друг избор: пашата беше сè поблизу и поблизу...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа е како најкомплицирана и најтешката задача по математика која ти ја даваат на училиште, а ти немаш друг избор освен да го земеш пенкалото и да го вклучиш мозокот за да ја решиш.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За несреќа, за нас не постоеше друг избор.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Немајќи друг избор, се вртам уште еднаш да погледнам кон Сатирот и тамам погледнав на која колчето на коешто седеше кога одеднаш еве го Сатирот зад мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ти немаше друг избор.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Рече дека божем не спал цела ноќ, мислејќи на копањето. Не верував, но немав друг избор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но во тој миг таа немаше друг избор освен да остави тој да ја исполнува и да ја повреди со својата љубов, зашто вистинската љубов никогаш не може да се одбие.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сакаше да верува дека кога им ги отвори границите, оти немаше друг избор, успеа да се договори за нешто ново и повредно, поважно за Македонија од сите ветувања што Милошевиќ со години му ги даваше на Киро.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој тоа ќе го стори ако се покаже дека друг избор нема.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А тој, тоа, од некои причини што на еден сон не му требаат, мора да го земе. Нема друг избор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Преку преносот на телевизија, преку публикацијата на вашиот Секретаријат, преку милион извештаи на весниците, луѓето немаат друг избор освен балот да го сфатат онака како што и го сфаќаат – минато, иднина, сегашност.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Каков друг избор ми останува?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И затоа ги изналепија црвените плакати.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но зарем веднаш не се наметнува заклучокот: дури и да се случи да го осудиме нашето однесување мора да се помириме со сознанието дека друг избор за жал не постоел.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па зошто тогаш да се води сметка и да се размислува за спомнатиот неприфатлив совет или поточно прекор?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Немав друг избор, освен посрамен да го вратам огледалото на ѕидот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
„Но повеќето мајки се грижат за своите деца,“ рече Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имам сретнато жени за кои единствена смисла на животот била да станат мајки, и жени кои станале мајки не затоа што сакале, туку затоа што немале друг избор освен да влезат во брак и да родат деца.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми се гади од оние кои се согласуваат со моето лично гадење немајќи 84 Margina #10 [1995] | okno.mk друг избор, немајќи сопствено гадење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Немаат друг избор, немаат друга иднина...“
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Немаше друг избор: – Албанското знаме го наследив од татко ти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Трипати се обидуваше отец Лаврентиј да избега од манастирот и да тргне кон Бугарија, но отец Ангелариј немаше друг избор, освен да го врзе за постела со силни синџири.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Една ноќ, отец Ангелариј се пробуди од силен ветер: ветерот ги отвори прозорците со тресок, ги развеа покривките од постелите и ги оддува писанијата од масата за препишување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Отец Ангелариј скокна на нозе и здогледа кобна глетка: среде одајата, високо во воздух лебдеше креветот на кој беше врзан отец Лаврентиј и целата одаја се исполни со розова светлина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)