друг (прид.) - зулум (имн.)

— Нерде сагодина, бре ќопек! — ги дочекуваа аскерите селаните и маваа по очи — по глава само затоа што некој заборавил да го поздрави со омилениот им поздрав: „да ти се ногу години, ефенди".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зимата продолжи. Амбарите почнаа да се празнат, овците, козите и говедата да се намалуваат, но налет сермијата што отиде, ами другите зулуми не се поднесуваа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги зеде тој уште двете лири од аманетот на татка ѝ на Трајанка, направи триста други зулуми сѐ додека еден ден не ја зеде работата во свои раце дедо Геро војводата и неговите двајца комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)