друг (прид.) - жена (имн.)

„Во Цариград, Никола Поцо имал друга жена, некоја Ерменка, со која живеел полујавно и која имала една ќерка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Што морала таа? Морала да ги чува толкуте деца, да се грижи за сите мали и поголеми нешта, да го поправа расипаното, да го оздрави болното, а тој, Никола, се бавел божем со големи работи, го гледал светот “од точката од која и бог нѐ гледа нас“, што би рекол Симон, и од таа точка, се разбира, мислел дека му е дозволено да издржува и друга жена, љубовница Ерменка, па уште и паштерката да ја соблазнува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас знаев дека мајка ми знае унгарски, дури и сум ја слушала како зборува со вујко ми Вангел, ама кога разговараше со Унгарецот добив впечаток дека тоа не е мојата мајка туку некоја друга жена.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Живееше со брат ми Вангел во градот Мишколц, во прифатилиште со други жени.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Колку? - Се пазаривме и ѝ симнав на 500 драхми! Другата жена се поднасмевна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Другата жена чувствува потреба да ја заполни малата пауза: - Оставете.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Двете други жени се збираат во себе, исчекуваат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зарем не ќе најде друга жена што ќе го стопли со занесот на саможртвата, што не знае за прашања и барања?, - разочарано си велеше после секоја таква средба...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И другите жени, мајки и сестри беа тажни. Тој ден сѐ беше тажно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зелниците што ги правев јас, друга жена во селото не ги правеше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И едно по друго од другите жени два хора, одгласувајќи ко ѕвона, за животи редеа што рекол Кузман и сторил.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Адет така било. Окото на мажот кон други жени не смее да скита.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Можеби поради тоа пијавиците се впиваа најповеќе по моите меса.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А додека плевевме не носев како другите жени волнени чорапи до под колената.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По патот јас му зборував за тоа дека Земанек е сосема изменет и дека живее со друга жена; мислам дека воопшто не ме слушаше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Земанек застана до разбојот, и сите ние, машките, почнавме да му довикуваме; сите му завидувавме, затоа што таа помош што требаше да им ја пружи на девојчињата подразбираше да ги фати за половината, да ги поткрене за да ја дофатат пречката и потем, при слегувањето да ги дочека на ист начин: околу половината. (Го правев тоа во циркусот потоа милион пати, но никогаш со Луција, туку со други жени).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И покрај сознанието дека постои друга жена не можев да се отргнам од Оливие.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но, ако предходните денови го игнорирав фактот дека постои друга жена во неговиот живот, сега почнав да размислувам и за тоа дека постои некоја Евелин и можеби тој ќе продолжи и понатаму да се гледа со неа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Си мислев дека сигурно маќеата побарала Марина и баба ѝ да одат во друг стан, или, можеби, баба ѝ на Марина не можела да седи со оваа друга жена на својот зет, откако ја загубила ќерка си.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
За маќеа, мислев дека е потребна некоја друга жена, сосема поинаква.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Колку пати ѝ доаѓала желба да појде кај нив дома, да го земе в раце детето, да го гушка, но, не верувала дека би можела да ја разбере таа, другата жена, и не го сторувала тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Понекогаш ѝ завидував на Ели, што дури ако татко ми се реши на најстрашното за мене, Ели можеби ќе може да поверува дека таа друга жена е нејзина вистинска мајка, која подолго не била тука.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ох, колку во тој момент сакав да му речам - татко, вети ми дека никогаш нема да доведеш друга жена за мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Колку ѝ било тешко тоа чувство дека тој се оженил и живеел со друга жена, толку се радувала и плачела во исто време кога следната година разбрала дека му се родил син.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Зарем друга жена наместо мама!
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се поздравив набрзина и со трчање отидов во училиште, зашто беше доцна, без да разберам која беше другата жена со тетка Рајна и што бараше кај нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А можеше да биде и поинаку, ако сега тие тројцата - таткото, другата жена и братчето ѝ се чинат на Марина нешто посебно, друго, и уште повеќе ја тераат да се чувствува осамена.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Му се заканував дека ќе го убијам доколку оди со други жени. Одеше. Пукав во него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секој ден заминував од дома за да заработам за живот, но ја мразев работата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се опорави и дојде кај мене да ме моли за прошка. Веќе не можев да го сакам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мажот ми дојде од војна и ме затекна во кревет со друга жена. Ја одведе, избегаа заедно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Детето ми умре. Половиот нагон ми се поврати, па повторно се породив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Деновите ги минував чистејќи ја и преуредувајќи ја куќата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се омажив за човек кој со себе ги донесе двете свои деца. Многу ги сакаше. Остана дома да се грижи за нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дадов отказ, се преселивме во поголема куќа, децата тргнаа на училиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Сѐ што требало да ти каже мајка, ти кажала некоја друга жена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нејзиното врескање предизвика и други жени да урлаат, да плачат, или да се смеат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Она што сакаш да го знаеш - која сум и што сум - е непотребно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги отвори очите; не можев да ѝ го препознаам погледот – како да не гледаше во мене, туку во некоја друга жена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја подаваше својата рака кон мене, јас ѝ ја пружив мојата рака. „Мамо,“ ми рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некоја од нив се закануваше дека ќе ги запали сите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Другпат сонува како на некој празник влегува во куќата, но гледа куќата не е куќа, туку се престорила во црква; внатре попот Матлија венчава младоженци; се допира поблизу и гледа: зетот е Бандо, а невестата таа самата; но како што наближува, сè повеќе ја фаќа страв, зашто гледа: невестата не е таа, туку некоја друга жена; почнува да плаче и да го трга Банда да не се венчава, но попот Матлија му дава знак на питропот Танаско и тој ја фаќа за раменици и ја вади од црквата надвор; надвор гробарите го пречекуваат Танаска и му велат: ”Ние сме готови: го ископавме гробот”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мажите не им се лутеа, зашто, покрај својата жена, имаа можност да се нагледаат и на други жени што никогаш повеќе таква можност не ќе им се даде.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Јас во мојот живот никогаш, ама баш никогаш не сум бил со друга жена.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Маса Ќулумоска ми кажуваше, а ми кажуваа и други жени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му се придружувале на отпорот против пребогатиот Али-бег.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кукулино; таа плитарска тврдина на маченици и вдовици, ја посвоило немата Ганка, да ора, да сее, да копа и да окопува со другите жени и во предвечерните часови да стои осамена и да гледа кон планините.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да не беше Жаклин, да беше некоја друга жена, ќе поверував дека...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мажот ѝ, кој е магионичар на забави, ја чека во Барселона и до полноќ мора да завршат три работи, па затоа сака да го извести дека нема да може да му се придружи навреме.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Една друга жена, која на Марија ѝ изгледаше почовечна и со повисок чин, го прегледуваше редот и подготвуваше попис на имињата што новодојдените ги имаа напишано на картони кои им беа зашиени за облеката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му кажа дека поминала убав живот со него, дека бил идеален маж, нежен и внимателен, сè додека не запознал друга жена, сè додека таа не го завела и не им се замешала во нивниот живот и тој не почнал секоја втора ноќ да ѝ доаѓа: една ноќ да спие кај неа, а втората кај другата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но беше фрустриран и тоа го наведуваше секоја прилика што ќе му се укажеше со друга жена да ја искористи. Имаше список на фатени жени.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да живее со друга жена! Ü беше неподнослива.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Цели три години бил со другата жена на Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За Карл, другата жена три години била мамичка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, неговата одлука да се откаже од веќе родениот и потпораснат син, заради раѓањето на друго дете, со оваа друга жена, како да го порази.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Колку и да му беше лута, ја спобудалуваше мислата дека може да засака друга жена!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И други жени, мажи, здрави, болни. Девојчињата — од уѕур, на прошетка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се најдов во небрана — изненадена сум невела — не чини неј — нив непара — не толку нетоп — невестински украс од тенеќија кој ја заменува короната ниа — оние нии — нив нуна — кума (делхинутив — кумица) нишан — знак нишка — нит, нитка на платно нишчелки — направа на разбој за ткаење ној— оној ногашчка — наплеток од косата обрецнам — врекнам, нависоко ќе проговорам обрус — долга везана крпа со реси од која се прави чалма на главата одер — врста кревет на столни ногари закопани в земји на кој се чуваат алиштата и покровите во визбата одвраќам вода — басна на вода за да се мени положбата во која се најдува озастра — утринава онбашија — турски војник десетар — каплар опурчак — искинат опинок кој веќе не се носи оралиште — место каде се игра оро ораџика — жена што игра оро орјатка — погрден збор за жена со која друга жена е скарана орман — густа гора оужје — накит олепела — лесна клетва осмак — мера за жито 50 оки отпуст — поповска песна пред свршетокот на извесна. служба павти — женски накит од сребро и бакар пагурче — сад за ракија пазамарка — џеб на селска кошула пајвани — ортомчиња со кои му се врзуваат нозете на коњ да оди раван — ситно парка — што ѝ е, што ѝ пречи да направи нешто паскурник — шара за шарање поскури пачавриче — книжулче, може и крпче од ткаенина пашит — без самар коњ, маска, магаре пералник — котел во кој се топли вода за перење песјачка — погрден збор за жена со која друга жена е карана петле — во онаа см. наполеон — пара златна француска со петле на неа петравил — епитрахил петреви гаѓи — горско цвеќе пинок — опинок плак — старец плетва — трева во сеидбата поврзало — врвца на торба или вреќа, како и на огламник на добиток подвеска — дел од селска облека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да е тука Добра или Чана веќе ќе знаеше што ѝ е, ама таа оставена е самата на себе не оти нема до кого да појде, ене ја Танаскоица, а има и други жени.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Бонети времето го проведуваше во селото настојувајќи кметот да ја одоброволи братучетка му Цара, или да му најде некоја друга жена.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Дали сум и припаѓал на друга жена? Ќе те болеше ли, Марија, ако беше така?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Вистина, си и припаѓал ли на друга жена?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Што да сторам? праша. Со друга жена, му рече Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Никола, не говори ми за други, кажи: си и припаѓал ли на друга жена?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Си и припаѓал ли на друга жена?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас чувствувам уште еден мирис освен оној што те следеше од болницата до овој стан. чувствувам мирис на друга жена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во срцето, во извежбаната пумпа, се дотураат нови количества гориво за брза потрошувачка и квалитетниот примерок на Ла Метриевиот I`homme machine, „механизмот што ја навива својата сопствена еластичност“, со максимална брзина влетува во целта.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Потоа се сретнав со една друга жена.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дали можеби таа, во својот, за мене долг и непознат живот, доживеа неубаво искуство со маж, кој поради друга жена ја оставил без збор?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И другите жени од соседството зборуваа меѓу себе за тоа, денес.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А ваквите настојувања беа толку присутни, и беа толку грдо поттикнувани токму од луѓето од кои Јана зависеше!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но како да му помогнам додека чувствувам како ме измачува помислата дека не сум во состојба да го запрам времето и дека веќе наближува некој друг ден, некоја друга ноќ, а тогаш Јана ќе биде сосема друга жена, поинаква од онаа што тој ја познава, и дека тогаш ќе му припаѓа на некој друг.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И сѐ на неа е посебно и неповторливо. И облеката, и смеата, и поплаките.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не личи ниту на една друга жена.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И по това после царот се оженил пак за друга и таја била многу хубава, ама колку со снага хубава, толку сос душата лоша и груба, и завидела, сакала да нема друга жена како неа хубава.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Другата жена стои само така: ги завртела крајовите од скутината, ги собрала во рацете и нѐ гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не барав ништо од него, барем само љубов да ми пружеше, да ме побараше, да ми го исполнеше животот со убави зборови, да ми ја надоместеше загубената мајчина љубов, да не ме понижуваше и мене и себе, да не слушнев никогаш дека ме заменил со друга жена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Какви врвни луѓе ме бараа да ме усреќат, а јас најдов човек што јас ќе морам да го усреќам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Наместо Тина која сѐ помалку зборуваше отворено со својата ќерка откако оваа најави дека можеби ќе го заборави Доне, се јавуваше некоја друга жена од бегалците кои се одмораа вдолж долгата барака од црвена тула, и тоа прилично гласно да можат да ја чујат и оние на најдолниот крај Арно прави мори Чано шо оди на црква, не чини ниа шо сме скарани су Господ!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ноќта добар дел од патот го има поминато, утре треба рано да се станува, веќе не е малтерџијка, скелињата по кои со една друга жена го качуваа тезгерето со малтер се расковани, зградата веќе има друго, бело лице наспроти црнината што бегалците ја таат во градите, и, за среќа, веќе има работа не во стопанството, туку еве сосема блиско, во фабриката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да беше друга жена, тој сепак не ќе се оженеше со неа, размислуваше Ѓулсиме.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа е само моја и ниедна друга жена нема да ја дели постелата со мене.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А за род и пород, ниту сакам да имам со друга, ниту сакам друга жена да има од мене.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)