друг (прид.) - војник (имн.)

Се сретнаа неколку пати на чешмата на срецело и тоа беше причина, и охрабрување, да дојде Десимир дома кај Јанческите и да побара игла и конец, божем за да си сошие некоја откината петлица на шинелата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше тоа наредникот Десимир Пенезиќ, наочит и единствен тој од сите други војници неупреклив со жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше рано утро, 4 мај 1903 година.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Уште долго Гоце говореше. Говореа и другите војници и четни началници.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Додека на почетокот римските преторијанци биле империјални гарди, јаничарите уште од почетокот го формираа јадрото на воената сила и вршеа силно влијание врз другите војници наложувајќи им дисциплина и цврстина што им недостигала.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа се сврте кон другиот војник, кој беше останат зад ѕидот под мисериштето: - Ела, Миладине. Ела.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Подобро ваков да не дојде: ќе ги зарзи и другите војници...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја фрли секирата настрана, а потоа една по една почна да ги фрла цепениците во огнот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Еден друг војник ме фати за рака, ме одведе кај убиените и така одев од еден до друг. Сѐ млади момчиња.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас свртев глава за да не гледам, ама тогаш го видов крстот на Ставре Попов.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Седам покрај распалените цепеници и, додека другите војници од водот дремат покрај оганот, јас на светлината од растреперениот пламен со вкочанета рака ти го пишува писмово.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ги собираа на куп, а потоа ги товарија на два коња и ги потераа пред себе. .
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По него тргнаа забитот и другите војници и за пет-десет минути се најдоа сите под покажаниот брест во присојот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На крајот од војната, кога за време на една од семејните средби во неговиот дом, Зигмунд ја прочита на глас тукушто пристигнатата телеграма дека неговите синови наскоро ќе се вратат од фронтот, помислив на Роза, но не се осмелив да ја погледнам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како да верувам дека загинал во ров со уште стотина други војници?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Телата им биле разнесени, се измешале трупови, откинати раце, нозе и глави, и наместо во гроб, ги оставиле таму, во ровот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една вечер неколку дена потоа, Зигмунд ми јави дека Херман, синот на сестра ни Роза, загинал со стотина други војници, кога во нивниот ров биле фрлени и експлодирале неколку гранати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Готвачот се сврте кон другите војници и почна да им објаснува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Ехееј! - свика војничето кон другите војници кои наеднаш се впуштија кон нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нешто се кон­сул­ти­раше со другите војници, па потоа ми рече: „Госпоѓо, ние имаме голема почит кон вас и кон вашите деца, вие прекрасно, како да ви е мајчин, го збору­ва­те нашиот јазик, вие сигурно имате италијански корени и сте наша, па мора да ви веруваме!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Војниците ги откинуваат други војници, влегуваат меѓу нив и ги одделуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
тој распалил едно ситно: лиду, лиду, лиду, лиду, и ние играме, ама лабаво, ко кал за црепни да газиме, не ти носи душата да играш делнички и со пијани војници од таму си некаде, од мајчина им, не си за никаде, мочано време, и се нишаме небаре треската да не фатила, се правиме тресиопашки, скокаме наситно, а старшијата само ја ситни свирката и тогаш пукна пушка и старшијата ја олабави гајдата таа писна и занеме и во гробиштата влегоа други војници, кај ќе бараме и за овие кокошки, си велиме, и излезе еден поголем од старшијата, со едно кило петлици нареден, и вели: отечеството крвари, а вие играте, и колкумина имате српски војници, прашува, ами колку што забраа Србите, велиме, колку што им требале и броиме на прсти: Насте, Петко, Митре, избројавме дванаесет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој паѓа, ама во паѓањето го повлекува и другиот војник. Оној МОЈОТ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кај што бегаат тие, вели, таму има и други војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги бркаме, така, арапите низ полето и тогаш некој рече: - Да се вратиме, луѓе, оти таму има и други војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Замижуваш после, а кога ќе ги отвориш очите таму веќе легнале друг војник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)