друг (прид.) - вода (имн.)

И Арсо Арнаутче побрзал да побара поток, рекичка или каква и да било друга вода за да се измие или да се искапе подалеку од сите сомневања што можеле да му ги согледаат намерите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Очигледно пред очите на Фиданкиниот свекор лежела старечка магла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако големиот Вок со едно око е вистински владетел на морските и сите други води, мора да е некаков сопатник на оној што го шета светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Змејот бил троглав: од едната уста фрлал оган, од другата вода, а од третата урликал; многу јунаци се обиделе да се бијат со него, но не можеле да го совладаат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но под украсите и тантелите на таа запрена од студот вода, постоеше и една друга вода што не престануваше да истекува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но тежината од камењата не му давала да излезе; и тој лут, бесен, почнал да фрла од едната уста пламен, од другата вода, а со третата да урлика.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)