друг (прид.) - барање (имн.)

Неизвесноста се зголемувала и од присуството на Советите во Романија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По доставувањето на тужбата до тужениот, за преиначување на тужбата е потребна согласност од тужениот, но и кога тужениот се противи судот може да дозволи преиначување ако смета дека тоа би било целесообразно за конечно решавање на односите меѓу странките...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Британците се сомневале во "чесните" намери на Советите, имајќи предвид дека во Бугарија борбата против нацизмот била предводена од Бугарската работничка партија и оттаму постоела голема можост тие сили да дојдат на власт во Бугарија по ослободувањето, што од своја страна би ја загрозило Грција бидејќи можеле да постават барања за излез на Егејското Море, а со тоа растела можноста од загрозување на Турција и други барања за отстапки во поглед на Протоците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Преиначување на тужба е промена на идентичноста на барањето, зголемување на постојното или истакнување на друго барање покрај постојното.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мајка само бараше од синот, немаше други барања, на семејното стебло да се запише времето кога живеевме до границата, пред да бидеме разделени.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)