друг (прид.) - им (зам.)

Отспротива има и такви кои си ги негуваат седите бради, арно ама, тие севезден лелекаат оти само Македонија немала цар во прогонство, севезден прикажуваат за книги што други ги читале и севезден им е подобро отшто на другите им е полошо.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И додека Јосиф нивни Акиноски го собира планот, откако пред тоа д ќошевите ги истава камењата и додека потоа го прави тутурка, тој, Максим Акиноски, претпазливо, ги симнува панделките од писмото, а за тоа време и после, додека го одвиткува, на сите другите им вели После, откако ќе го прочитаме писмото, кој знае сам ќе се потпише, а тие кои не знаат ќе се потпишеме или јас или Костадин или Јосиф.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога Васил ги наредува камењата на ќошевите на раздиплената тутурка и кога тој седнува на тревата покрај неа, Максим се исправа на столчето; исправен така на столчето на другите им прави место да можат да се доберат над раздиплената тутурка и да ја разгледаат одблизу.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Максим влегува во гостинската одаја, од масата го извадува пиштолот, го сокрива в пазува и кога излегува на чардак на Јосифа, кој станал во меѓувреме, и на другите им вели Ко ќе застуди влезете внатре, а на Васила Митрески Ние со тебе, Васил, ќе се прошетаме малку.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И правејќи си пат меѓу имотските луѓе, кои сè уште трчаат пругоре по скали на чардак, влегува во визбата; таму, од ѕидот до вратата, го симнува малото секирче, го сокрива в пазува, поа кога излегува од визба, на Васила, кој остана да го чека пред врата, му вели Одиме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се разбира, и на едниот и на другиот им служеше нашиот коџабашија Трајко за да ја додржи и тој клетвата дека ќе го помага Арслана, не откажувајќи се да го помага и Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од друга страна го заскокоткаа Арслана и Сефедина оние петстотини лири што ги зедоа од витоливци, та добро им дојде Толе да можат да ги уценат и другите села како Витолиште.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Првиот го познаа одеднаш, но другиот им се стори нешто сомнителен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа почесто и подолго загледување еден во друг им премина во игра, им прави задоволство, но им внесува и немир.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Секој член од комисијата имаше посебна специјалност: еден удираше по газовите на жените за да ги оцени тврдоста и степенот на вибрациите од ударот, друг им ги подотвораше устинките за да им ја види бојата, дали е розова или црна како на оџак, трет ги мирисаше дундите (тој често повраќаше), четврт ѕиркаше низ триаголничето на меѓуножјето, ако имаше тријаголниче за ѕиркање, ако не беа слепени месата на двете нозе, петти се занимаваше со нешто петто, и така натаму, што би рекол началникот Круме Волнаровски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
ИСКЛУЧОК ОД ПРАВИЛОТО ИСПРАШЕНИ КРИЛЈА 30 март, 4 часот
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На други им додаде А и долго им аеше навечер, па тие се будеа жолти а со оење листенцата почнуваа да се одѕиваат на неговиот глас.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Од друга страна, да ти кажам, овде се шират гласини дека некои од познатите американски фирми како шо се „Texaco” или „General Motors” и некои други им продават камиони, гуми, бензин и други возила на националистите на генерал Франко.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Упорно се задлабочуваше во текстот, прашувајќи се себеси каде греши, што е она што таа не можеше да го види, да го спознае, а сите други (компетентни и некомпетентни по тоа прашање) го согледуваат и му оддаваат огромно признание; што е она толку посебно, толку необично заводливо што тој го поседува во себе, во својот стил, во својата реторика и техника, во својата методика на пишување, што на другите им недостига.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Луѓето што им припаѓаат на други култури прават чудни работи, работи што ги зашеметуваат антрополозите, а на антрополозите им е работа да нѐ информираат за нив и, ако може, да ги објаснуваат. ‌Машката геј-култура, всушност, има долга историја на смеење на ситуации што на други им се ужасни или трагични.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Подоцна знаеле: на Онисифоровците како и на другите им недостасувале во бедните ноќи жени со бедра слични на полна месечина, или само така мислеле, жени покорни да станат облик според обликот на врелата машка жед.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеле да се зграпчат, секој со крвави прсти да му ги копа очите на другиот, а некои од другите подоцна кажувале дека и едниот и другиот Онисифор го сонувале пред тоа покојникот Дмитар-Пејко, жив и со живи прикаски на танките усни за она што ќе се случи, навистина за она што се случило подоцна на патот од Кукулино кон нигде и на пат од тоа нигде кон селото со седумдесет и шест куќи, најубавите од камен врзуван со вар, повеќето накривени, плитарски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога Орлен Шумков викнал да не се пука заради опасноста да биде погоден со куршум Онисифор Проказник и кога неколцина се исправиле за да се стрчаат и да му помогнат на челникот, врз нив, врз извиците со кои се бодреле и врз писокот на ветрушката што се оддалечувала, се урнале неколку грмежи, и тие, пак залепени со гради за земјата, знаеле дека шестмината што некако ги опишувала со прсти и со очи Ганка ги измамиле со источничка војничка или арамиска мудрост: гледале во оној што доаѓал пред тоа на танконог шарколија и не виделе дека другите им дошле зад грб да ги косат со сигурна рака и сигурно око.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можел да се задржи на седло. Ја пуштил коњската грива и, кревајќи ја високо десната нога, паднал со рамо на страната на противникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Она што на другите им е достоинство, тоа на црните луѓе им е терен за дејствување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Паралелни животни приказни внесуваат во себе, во луѓето со кои живеат, во луѓето со кои се среќаваат, па дури и во луѓето со кои само се разминуваат: некои од нив се уверени дека жената која погледнува низ прозорецот кон улицата по која токму тогаш тие врват, им смислува некој подол план; други – дека таа секој ден љубовно мисли на нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има луѓе кои мислат дека ним или на другите им се случуваат настани кои всушност се само плод на нивната имагинација, а веруваат во нив како во реалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А и на едните и на другите им се спротивставуваа книгите за новите идеологии.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На другите им препушташ да ги постават рамките: тебе ти е добро и без нив!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- А ти забораваш - го прекинувам - дека покрај другото им припаѓаш и на бележаните од судбината кои некогаш, во некој посебен и неповторлив миг поверувале дека неминовноста ги повикала да преземат значаен па дури и судбоносен потег.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)